14.8 C
Skopje
Friday, October 18, 2024
spot_img

Никола Ристановски награден за најдобра машка улога 

Македонскиот народен театар на 1 септември со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, го отвори  9. театарски фестивал „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, која се одигра на сцената на „Српско народно позориште“, Нови Сад – Србија.

Во официјалната програма учествуваа 6 претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка, и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да се додели на Никола Ристановски за улогата на Др. Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар. 

Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници. 

Во неговата возбудлива кариера остварил огромен број театарски,  филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар. 

Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија. 

Известува – Мила Анѓелковиќ

РСМ НУ Македонски народен театар

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,686FansLike
3,352FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ