-1.2 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Димитар Терзиевски, АХВ: Сопствениците на миленици мора да ги почитуваат нивните права и слободи

Пред вдомување на домашен миленик морате да знаете дека со вдомувањето на домашниот миленик преземате одговорност и обврски кон тоа животно, а не само задоволство.

Животните, помалку или повеќе, имаат потреба од секојдневно внимание: јадење, пиење вода, шетање, трчање, галење, играње, водење сметка за хигиена … Тие знаат да бидат и немирни, на пример да ви го уништат мебелот или да ви ги изгризат чевлите. Но, деструктивното однесување најчесто се појавува кај оние животни, кои имаат поголеми потреби од оние кои им ги овозможува нивниот сопственик. Тоа значи дека ако имате немирно милениче, треба да одвоите време за добар тренинг.

Секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните. Сместувањето на животните треба да биде на начин со кој ќе се избегне штетното влијание на надворешните фактори од животната средина. На животните треба секојдневно да им се обезбеди вода со соодветен квалитет како и храна со соодветна хранлива вредност, хигиенски исправна и соодветна за нивната старост и вид заради одржување на здравјето и физиолошките потреби.

За да ја запознаеме јавноста малку повеќе со законските обврски кои се однесуваат на чувањето миленик, разговаравме со Димитар Терзиевски, раководител на одделението за благосостојба на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Приказна Има ли Агенцијата за храна и ветеринарство има евиденција за миленици?

Димитар Терзиевски Да, Агенцијата за храна и ветеринарство има централна база на податоци, односно информативен систем каде се евидентираат животните, вклучително и милениците. Домашните миленици ги имаме во два модули, едниот е за домашни миленици со сопственик, а другиот е за бездомни кучиња, преку кој се врши контрола на популацијата на кучиња преку општините.

Приказна Што значи одговорно сопствеништво?

Димитар Терзиевски Одговорното сопствеништво на домашните миленици е регулирано со законски обврски и етички правила.

Првенствено, за да се биде добар и одговорен сопственик, неопходно е кога носиме одлука за миленик, искрено да се запрашаме дали имаме услови, волја и средства да ги чуваме тие миленици во домот.

Од друга страна, за да ги чуваме, треба да исполниме неколку законски обврски. Главните принципи се пропишани во Законот за заштита и благосостојба, според кои треба да се почитуваат слободите на животните и тоа: на животното да му е овозможено нормално однесување, да има соодветно живеалиште, да е слободно од повреда или болест, да му биде обезбедена свежа храна и вода, како и да е обезбедена ветеринарна заштита.

Приказна Која е стратегијата во однос на милениците на Агенцијата за храна и ветеринарство има евиденција за миленици?

Димитар Терзиевски Пред неколку години АХВ спроведе една стратегија за благосостојба на животните. Во неа, алоциравме доста голем проблем. Суштинската компонента е идентификација на домашните миленици како поттикнување на одговорното сопствеништво. За таа цел, Агенцијата набави 100.000 микрочипови за идентификација. Тие беа наменети за сопственички кучиња и беа аплицирани на сопственички кучиња.

До овој момент во базата имаме внесено над 100.000 кучиња и околу 6.000 мачки. Дел од чиповите беа распределени на општините преку прифатилиштата, со цел да бидат евидентирани бездомните кучиња. До овој момент имаме околу 3.300 кучиња во системот.

Оваа мерка дава резултат со тоа што треба општините да извршат процена на популација на својата територија и да видат колку кучиња има. Последната процена во Скопје е дека има околу 2.500 кучиња.

Документарен магазин Приказна на тема миленици

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,756FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ