Официјалното жири на 17-тиот „Астерфест“ во состав: Владимир Перовиќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Мимоза Рајл, Столе Ангелов, ги награди следните филмови:
Златна потковица – СВЕДОК на Али Азгари (Иран / Франција):
Филмот ја пресликува реалноста во која пред се случуваат настани кои отсликуваат еден навидум обичен ден. Овие настани трајно можат да го изобличат нашиот живот, па и да бидат ужасен товар што ќе не следи сè до судниот ден.
Сребрена потковица – БОЖИЛАК на Александар Вујовиќ (Црна Гора / Италија / Албанија)
Според коментарот на жирито станува збор за одблесоци на сеќавањата, една суптилно и чудесно раскажана приказна за тоа како детството е доминантно во трасирањето и отворањето на волшебните светови на уметникот.
Бронзена потковица – ВО МОЈОТ УМ на Мартин Стренџ-Хансен (Данска).
Според жири комисијата, станува збор за убедлива, трогателна, иако на прв поглед чудна приказна за верноста и вечната љубов.
Награда за најдобар автор „Ацо Алексов“ – ВУЈКО МИ ТУДОР на Олга Луковницова (Молдавија / Португалија / Унгарија / Белгија)
Знаејќи дека најтешкото во документарниот филм е поставувањето на најдлабоките човекови прашања и највнатрешните негови трауми, храбрата авторка тоа го прави фасцинантно со еден извонреден филмски јазик, појаснуваат членовите на жири комисијата.
Награда за најдобро сценарио е за филмот „Ѓорги Абаџиев“ – ЏЕЛАТОТ ДОМА на Мајкл и Ури Кранот (Франција / Данска / Канада), а Специјална диплома од жирито – РАСЕЛЕНИ на Самир Карахода (Косово).
Фестивалот продолжува вечер со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, во чест на лауреатот, и утре, со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.