19.8 C
Skopje
Thursday, September 19, 2024
spot_img

Тажна приказна на Ивица Петровиќ: Пожарот ни ја смени судбината

Ивица Петровиќ се жени со Катерина пред дваесетина години. Создаваат семејство. Одлучуваат заедно да продадат стан во Куманово и да направат две соби и штала која еден ден ќе биде преполна со животни. Децата ги раснат во духот на сточарството. Млекото го продаваат на позната млекарница и имаат среќен живот.

– Да не се случеше несреќата, никогаш немаше да дојдеме до ова дереџе. Имавме скромен, но, стабилен живот. Продававме млеко на една позната млекарница и секој месец тие редовно ни плаќаа. Така преживувавме. И децата како пораснаа, научија сè и ни помагаа. Имавме големи планови. Да ја прошириме шталата, повеќето животни ни беа стелни и очекувавме принова. Но, не ја очекувавме несреќата која ни ги смени животите-ќе ја започне Ивица својата тажна приказна за емисијата „Срце на дланка“.

Среќниот живот на ова семејство траел до лани. Сè додека на тој кобен 5 август, пожар не им ја пеплоса шталата. Пожар избувнал во селото, а ветерот кој дувал со над 100 км на час, во пламени топки палеле сè пред себе. Неколку од тие пламени облаци ќе паднат и врз шталата на семејството Петровиќ и ќе им направат штета која и ден денес ја трпи.

– Јас бев долу во селото. Селаните ме викнаа да и помогнам да го спречиме пожарот да се прошири. Таков пожар не сум видел ни на филм. И постарите селани оттука, велат не виделе такво чудо. Жената и децата спиеја дома, и јас видов дека топки оган од силината на ветерот се насочуваа кон мојата штала. Далеку бев, па се јавив на жената веднаш да ги отвори животните. Таа одма истрчала, додека јас со автомобил се враќав дома за да ја спасам шталата. Но, минути беа во прашање. Толку била топла вратата што жена ми не успеа да ја отвори. Животните живи изгореа плачејќи внатре-со грутка во грлото се присетува Ивица.

Со помош на селаните Ивица за да не ја изгуби и куќата, извадил смрзнато млеко, па со него и метли, прачки и што дофаќале,гаснеле се околу нив. Тоа е сцена која може да се види само на филм-вели Ивица. Не верувале дека и добиток може да плаче како дете-ќе додаде жена му Катерина. Им зборував со денови на мртвите животни и ги прашував дали ги боли главата или нозете. Катерина од тој ден веќе не е истата. Сега од жал што не успеала да ги спаси животните е болна од повеќе дијагнози и нема пари да се лекува.

– Одма истрчав кон шталата, но, не успеав да им помогнам. Плачеа како мали деца. Луѓе и животни, исто е кога слушате како се мачат и горат живи. Не успеав да ги спасам и не можам да се помирам. Сакав и јас да изгорам, децата ме тегнеа за да ме спасат. Од стресот се онесвестив. После Брза помош ми ставила инекција и дојдов при себе. Со денови не доаѓаа да ги тргнат од Општина, па, јас ако мирисаше многу лошо, влегував кај нив, им се извинував дека не ги спасив и ги прашував дали ги боли главата или нозете. Од тој ден и јас не сум добра. Било каков шум ме потсетува на нивната болка и рик-плачејќи се присетува Катерина, сопругата на Ивица на тој кобен ден.

Дека ништо не е вечно, и дека животот може од високо преку ноќ да те лизне на дно, докажува судбината на семејството Петровиќ. Се надеваат дека некогаш ќе добијат оштета и дека повторно ќе издигнат штала со нов добиток која единствено ќе им ја врати радоста и волјата во животот.

– Од тој ден само тонеме надолу и надолу. Не добивме никаква оштета, иако, сè е поднесено. Земавме неколку месеци социјална помош од 6000 денари, но, бидејќи еден добронамерен човек ми префрлил одредени пари на сметка, од социјално ми ги укинаа и тие пари. Сега нема пари ниту за леб. Ако некој ме викне од селото да поработам нешто, земам 500 денари и вртиме некој ден за да преживееме. Еве, сопругата две децении мие надвор на чешма. Сите средства ги вложивме во куќата и не стигнавме да ја доправиме ниту куќата. Спиеме во една соба, на два кревети, четири души. Кујна немаме, се бањаме надвор. На нула сме и не знаеме како ќе продолжат нашите животи понатаму. Не ни преостанува ништо друго освен да се обратам до јавноста и да побарам помош-завршува Ивица со надеж во очите и уште поголема верба дека повторно ќе ја види шталата направена и добитокот во неа повторно ќе го издигне како некогаш.

Доколку сакате да му помогнете на Ивица и неговото семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 078 626011 или следнава жиро-сметка 300007110635961

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,659FansLike
3,323FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ