2.8 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Картонските ги заменија вистинските торти во градинките

Забраната за внес на храна која е подготвена надвор од градинките, во градинките трае со години. Појавата на голем број на бактерии и вируси како што е салмонелата, се само дел од причините зошто оваа забрана е оправдана.

Салмонелата е бактерија најчесто поврзана со јадење на недоволно зготвена храна која е направена од заразени животни (месо, јајца) или храна произведена за широко производство (чоколади, бонбони) кои не се чувани на соодветна температура.

Појавата на првите симптоми кај лицата заразени со салмонела се јавуваат најчесто во период од 12 до 72 часа по консумирање на контаминирана храна или пијалак и обично симптомите се појава на треска, стомачни грчеви и дијареја. Болеста обично трае 4 до 7 дена. Дијарејата може да биде изразена и во тешка форма, па задолжителна е препораката да се побара лекарска помош.

Голем дел од родителите не се согласуваат со овој тренд, особено кога станува збор за родендените на нивните најмили.

Пред неколку години речиси во секоја градинка е воведено правилото за забрана за внес на храна, сокови, слатки и сл. Аргументите кои родителите ги даваат против ова се дека слатките немаат алергени, дека тортите се тазе и слично.

Оваа забрана ги поттикна картонските украсни торти да станат тренд со кој се обележуваат родендените на најмладите. Честопати, воспитувачките во градинките користат разни методи за да ги одбележат родендените на најмладите. Понекогаш опцијата е свеќичка на банана или јаболко, но, најважно е дека децата се среќни и радосни кога се одбележуваат родендените.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,757FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ