14.8 C
Skopje
Friday, October 18, 2024
spot_img

Татјана Алексиќ: Разведена жена е распуштеница, но разведен маж не е распуштен

Телесна автономија или автономија на тело е поим којшто е поврзан со родовата рамноправност, вели Татјана Алексиќ, уредник на проектот „Сексуална азбука“, додавајќи дека фундаментот е во слободата, односно во слобода на личниот идентитет.

Само слободен човек има право да се развива во добар човек. Човек без товар и фрустрации. Некако ги живееме крајностите, смета Алексиќ. Тоа е поим кој може да се поврзе со патријархатот, кога жените и нивното тело било третирано како предмет за раѓање, изземена од сите уживања во процесите во водењето љубов, нешто што за жал уште функционира на одредени територии. Последиците се во физичка смисла и во една ментална насока. Кога губиш слобода, губиш право на живот, смета Алексиќ.

Претерана затвореност од една страна и претерана отвореност од друга страна, се двете крајности на новиот милениум на кои се кршат копјата, во однос на темата телесна автономија.

Тука се фрустрациите, една претерана затвореност или претерана отвореност, на сите оние кои на некој начин во текот на животот му се одзема некое право. Дали е насилство врз жената, силување на жената, кога во некоја врска еден од партнерите насила инсистира некое сексуално задоволство, а другиот не сака, толку е суптилна оваа тема, ете ги последиците, еден нерамноправен однос кон култот на телото, кој не треба да се сведе само на физички изглед туку и здравјето на телото и правото да се владее со потребите на своето тело, додава Алексиќ.

Абортусот е последица. Според Алексиќ, треба да се најде причината како да не се дојде до последицата.

Спречувањето на абортусот почнува во генезата на развојот на воспитувањето на децата, подеднакво и машките и женските деца, додава Алексиќ. Момчињата без оглед на тоа што немаат матка имаат одговорност и култот кон девојките со кои понатаму во животот ќе имаат сексуален однос. За жал го имаме приоритетот во малолетнички абортуси, и кај нас во Македонија, тоа беше основата и идејата да ја сработам емисијата Сексуална азбука со докторски тим, професионалци.

Ако се забрани абортусот како последица на несакана бременост, ќе се дојде до илегален абортуси и туристички абортуси, затоа треба да се влијае на младите да не брзаат, прво теорија па пракса. Прво непријатното сексуално искуство влијае врз сексуалното здравје на младите луѓе. Многу е важно за суштината, како ќе се третирате и како ќе бидете третирани понатаму. Ете ја базата на фундаментот на автономија на телото. Тоа значи буквално да си свесен дека твоето тело страда, вели Татјана.

Јас сум мајка на синови, и секогаш сум ги воспитувала да имаат култ кон девојчињата и да имаат еднаква одговорност ако дојде до забременување на девојката. Кога абортира едно девојче, абортираме сите, додава Алексиќ.

Документарен магазин Приказна на тема телесна автономија

Борбата со предрасуди е голема борба. Ги има секогаш и секаде, дури и во најсовремените општества, вели за крај Алексиќ.

Кај нас сè уште функционираат и вербалните сексизми. За разведена жена ќе го слушнете терминот „распуштеница“, еден погрден термин разведен маж никогаш не е распуштеник тој е само разведен, исто така за „јалова жена“. Секогаш е товарот на жените во таа насока. Крајностите се опасни, тие го прават хаосот во системот. Ако младите девојчиња пред време влегуваат во интимен однос, последици се несакана бременост, во позрели години размислуваат дали ќе имаат материјални услови да чуваат дете, на крајот се сведува жените во зрели години решаваат да раѓаат кога можеби веќе не можат. И така работите тектонски се нарушени. Жената е предодредена, биолошкиот часовник отчукува, мажот може да направи деца и на 80 години, но жените не. Државата е таа која треба работите да ги намести. Кога работите би оделе добро во таа насока дека една жена може да заврши факултет на 22-23 години, па да магистрира, ако има амбиции, барем 3 години да има привилегија да чува дете, таа да не оди на работа како во Швајцарија. Ние сме во еден хаос каде многу често мажот губи работа, жената мора да оди на работа, додава Алексиќ

Автор Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,686FansLike
3,352FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ