3.8 C
Skopje
Wednesday, October 23, 2024
spot_img

Даниел Николовски: Посветеноста и професионалност се гаранција за успех во нашиот занает

Даниел Николовски има свој занает, а талентот за него го наследил од неговата мајка. Негов избор е занаетот кој во 21 век доживува вистинска ренесанса. Даниел работи како фризер и шминкер. Според него, ова е занает од кој може да се заработува и добро да се живее, ако се работи професионално.

Приказна Што ве издвојува на пазарот со вашиот занает?

Николовски Ова е креативна професија. Ако успеваш да твориш нешто поразлично од другите, тоа ќе те издвои на самиот пазар. Јас сум некој кој никогаш немал конфузија околу тоа што сака да биде кога ќе порасне. Ова како талент го имам наследено од мојата мајка. Секогаш сум знаел дека тоа е насоката во која ќе одам понатаму, ќе се развивам и творам и ќе биде мојата професија.

Приказна Дали со вашиот занает може да се обезбедите егзистенција?

Николовски Од сè што ќе одберете како професија на крајот од денот треба да живеете. Од нашата професија, ако работиш добро се заработува и добро се живее.

Документарен магазин Приказна посветен на занаетчиството

21 век носи нови можности за занаетчиите. Новите начини за комуникација и продавање, дигитално креираат нови пазари и нови видови на поврзување помеѓу занаетчиите и потрошувачите и ширум светот, но и кај нас.

Приказна Колку дигиталните мрежи ја олеснуваат вашата работа?

Николовски Социјалните мрежи не ми ја олеснија работата, но ми помогнаа да го испромовирам тоа што ние сакаме да го промовираме на полесен пат, да допре до поширока маса на луѓе. Но, тоа ни е и дополнителна обврска, дополнителна професија. Ние треба да сме и фотографи и едитори на истите, за да се доближиме некако до најновите трендови кои постојано мора да ги пратиме, а тоа се социјалните медиуми и се’ она што ни налага трендот, така што би рекол дека е дополнителна професија којашто не знам колку е исплатлива за тоа што ние го работиме.

За Приказна

Ване Марковски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,686FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ