8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Марко Бислимовски: Енергетска независност долгорочно се постигнува преку вложувања во енергетска ефикасност

Со вложувања во енергетска ефикасност, во последните 10-15 години, односно опрема на уредите кои имаат значително помала потрошувачка на електрична енергија или природен гас. Самото вложување подразбира намалување на трошоците за електрична енергија. Вложените средства во ваква вложување се враќаат од 4 до 6 години. Во еден дом доколку се променат прозорите кои се направени од подобар материјал, на тој начин се намалува потрошувачката за топлинска или електрична енергија, вели во интревју за Приказна, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Приказна: Што всушност значи енергетска ефикасност?

Бислимовски: Под енергетска ефикасност се подразбира рационално трошење на енергијата. Под рационално трошење на енергијата се подразбира вложување во уреди и опрема која овозможува заштеда на електричната енергија. Инаку вложување во енергетска ефикасност подразбира најбрз начин на изградба на нови производни капацитети, бидејќи доколку се вложува во енергетска ефикасност, се намалува потрошувачката на електричната енергија, топлинската енергија, природен гас и на тој начин имаме слободни капацитети и токму, од тие причини се вели, тој што вложува во енергетска ефикасност на најбрз и најекономичен начин вложува во нови производни капацитети.

Приказна: Како енергетската ефикасност да ја сфати потрошувачот, не како трошок туку како заштеда на домашниот буџет

Бислимовски: Доколку се анализира потрошувачката на електрична енергија, кај големите потрошувачи во Македонија, таа секогаш била на високо ниво. Но, со вложувања во енергетска ефикасност, во последните 10-15 години, односно опрема на уредите кои имаат значително помала потрошувачка на електрична енергија или природен гас. Самото вложување подразбира намалување на трошоците за електрична енергија. Вложените средства во ваква вложување се враќаат од 4 до 6 години.

Во еден дом доколку се променат прозорите кои се направени од подобар материјал, на тој начин се намалува потрошувачката за топлинска или електрична енергија. На тој начин на производителот на електрична енергија му се ослободува нови количини електрична енергија која тој може да ја продава на слободниот пазар, по многу повисока цена. На овој начин, потрошувачот ги намалил своите трошоци за енергија, а на производителот на енергија му се овозможува да продава вишоци, по повисоки цени од оние кои би биле за домаќинствата, што значи дека и двете страни заработуваат од енергетската ефикасност.

Приказна: Дали тоа не значи дека се намалува комодитетот?

Бислимовски: Кога збориме за енергетска ефикасност, со вложување во неа, домаќинствата ги имаат истиот комодитет. Тие ќе ја имаат истата температура дома. Единствено ќе заштедат на енергија бидејќи вложиле во подобра фасада, подобри прозори, уреди во домаќинствата. Комодитетот нема да биде нарушен. Истото важи и за компаниите.

Приказна: Дали сончевата енергија може да се искористи во фотоволтаици и други системи кои можат да се искористат?

Бислимовски: Сончевата енергија ја поседуваме, и од тие причини се повеќе се вложува во фотоволтаични панели за производство на електрична енергија. Исто така се вложува во колектори со цел намалување на трошоците на електричната енергија. Бидејки се соочуваме со енергетска криза, овој тренд се очекува да расте.

Во последните неколку месеци, регулаторната комисија за енергетика има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотоволтаици. Сè повеќе ќе се зголемува употребата на фотоволтаиците, бидејќи процедурите целосно ќе се либерализираат, и на тој начин самите домаќинства ќе бидат заинтересирани за вложување во фотоволтаични панели, со цел задоволување на своите потреби, при што ќе се намалат нивните трошоци.

Документарен магазин Приказна на тема енергетска ефикасност

Приказна: Каква е нашата стратегија за енергетска ефикасност?

Бислимовски: Донесен е нов закон за енергетската ефикасност, кој е одобрен од Секретаријатот на енергетска заедница во Виена. Ние мора да вложуваме во енергетска ефикасност, бидејќи сме увозно – зависна држава од енергии и енергенти. Од домашно производство имаме електрична енергија, а додека природен гас нафта и нафтени деривати, увезуваме. Моментално се соочуваме со високи трошоци за електрична енергија, природен гас и за топлинска енергија.

Стратегијата на државата мора да биде во давање повластици на тие што вложуваат во енергетска ефикасност бидејќи на долг рок, ние ќе си ја зголемуваме нашата енергетска независност. Колку повеќе ги намалуваме трошоците за увозен гас, нафта и нафтени деривати, толку повеќе ќе си ги подобриме условите за работа, пред сè на македонските компании.

За Приказна

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,354FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ