2.8 C
Skopje
Wednesday, December 18, 2024
spot_img

Пролетта е идеална: Шест пролетни семејни активности

Пролетта е идеална за семејна дружба. Сонце, шарени цветови и раззеленети дрвја, позитивна енергија и насмеани лица. Пролетта е едно од најпосакуваните годишни времиња за многумина. Токму пролетта е идеално годишно време за повеќе семејни активности.

Еве неколку идеи:

Пикник на отворено

Ако во минатото пикникот беше редовна семејна активност, во денешно време поради обврските кои ги наметнува секојдневието, честопати забораваме да уживаме во едноставните работи кои ни ги овозможува животот. Кога последен пат вие и вашето семејство сте биле на пикник на отворено? Ако тоа е многу одамна, тогаш време е тоа да го сторите во блиска иднина. Искористете го зеленилото во вашата блиска околина и уживајте во природата колку е можно подолго.

Направете змеј

Искористете ги вашите креативни способности и заедно со вашите најмили обидете се да направите змеј, и секако пробајте го. Доколку се сомневате во вашата креативност, секогаш имате можност да побарате видеа со упатства. Змејот е одлична активност која нуди загарантирана забава.

Обезбедете креди и станете вистински уметници

Децата уживаат во цртање со креди. Обезбедете креди во шарени бои кои се наменети за надворешно цртање и уживајте во времето поминато со најмладите уметници.

Засадете некое растение

Пролетта е идеално годишно време за садење. Ако живеете во куќа, одберете простор во дворот, кој ќе биде совршено место за новите цвеќиња и растенија. Доколку живеете во стан, саксиите на тераса можат да послужат како одлично решение. Дадете им обрвска на најмладите редовно да ги полеваат.

Читајте приказни инспирирани од пролетта

Читањето е препорачливо да се прави низ целата година. Но, сега во пролет, читањето може да се одвива надвор од домот на пример: на тераса, во двор, во природа, на плажа. Пролетта била инспирација за многу писатели.

На прошетките во природа соберете камења и бојадисувајте ги

Низ прошетката во природа, сигурно ќе пронајдете камења од разни големини и форми. Соберете неколку и со помош на акрилни или темперни бои насликајте нешто или пак напишете некоја порака. Одлуката да ги задржите или пак да ги оставите во некој парк или покрај фонтана е ваша.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,754FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ