15.8 C
Skopje
Friday, September 20, 2024
spot_img

Македонка Ѓорѓева: Сопругот со болно дете ме остави во болница и ни ја украде социјалната помош

Македонка Ѓорѓева е родена во Прилеп. Има 52 години и речиси сиот живот е самохрана мајка. Сама го одгледува и расте својот син Трајче. Тој денес има 20 години. Исто како и неговата мајка и тој сака да стане академски граѓанин. Но, условите во кои живеат им се навистина лоши. Без вода и струја, без бојлер и бања, без машина за перење и фрижидер.

Ова семејство живее со минимална социјална помош. Ако купат храна од неа, не останува за сметките. Ако платат сметки, цел месец ќе гладуваат. Не знаат кој пат да го фатат. Блокирани се од сите страни. Неколку месеци живееле и без денар. Биле принудени буквално да просат.

А, Трајче расне. Сака да учи и да стане угледен и да ѝ се оддолжи на мајка си. Но, во моментов сè што може ова семејство да направи за да се спаси е да ја сподели својата мака со јавноста и да побара помош за спас за да преживее.Македонка за себе ќе каже дека имала убаво мирно детство. Нејзините родители не биле богати, но, и овозможиле да заврши високо образование, да ја прошета Европа и Балканот, да ужива во животот и во младоста. И, токму печат на таа младост ќе стави погрешниот избор на партнер со кој треба да го дели животот. Пред 20 години таа одлучува да го каже судбоносното ДА во Неготино, но, постојани сопки и опструкции ќе добива од семејството на сопругот. Па дури десетпати ќе биде враќана од Неготино и земана од куќата на татко и. Од тој брак, како плод се раѓа Трајче кој денес има 20 години, и, кој за жал нема да види убаво детство. Не дека Македонка не сака да му овозможи, туку нема како и нема со што

Иако сопругот на Македонска одлучува да дојде во Прилеп и таму да гради брак и семејство, и тој обид ќе се покаже како безуспешен до таа мера што, додека Македонка е во болница со тогаш малиот Трајче, таткото со социјална помош без да остави денар за болното дете, се враќа назад во Неготино. Денес, ниту Македонка, ниту Трајче не сакаат да контактираат со него, зашто во најтешките моменти тие двајца беа оставени на милост и немилост.

– Не ме сакаше неговата фамилија. Правеа се, само да ме избркаат од куќата. Ме местеа, ми правеа караници, па, тој ме бркаше и враќаше постојано. До таа мора беше себичен, што со социјалната помош што како семејство ја земавме, додека со Трајче бев во болница ме остави, ни ги зема парите и замина засекогаш-вели Македонска за својата несреќна судбина.

Македонка како помлада навистина се трудела. Извесно време работела, а, потоа безуспешно барала работа, но, никој не и излегувал во пресрет. Веќе одамна ова семејство живее само со 6000 денари. Извесно време живееле и без денар. Доаѓале во ситуација и да излезат на улица само да дојдат до храна. Тогаш зеле и мали брзи кредити, кои денес имаат висока камата. Но, се бореле да преживеат. Иако тешко го израснав, повторно да можам би го направила истото ќе каже оваа самохрана мајка. Трајче ми е сè во животот и за него сум подготвена на се-вели таа. Успеала дури да го запише на правниот факултет во Битола, но, нивната тешка финансиска состојба во моментов е препрека за мазно и лесно да оди неговото студирање.

Тешко им минуваат деновите на Македонка и Трајче. Условите во куќата се лоши. Без елементарни средства и предмети не поминува лесно ниту еден ден. А, во моментов има закана да останат и без таа куќа, поради долг кој мајката на Македонка го зела одамна, сега извршители се надвиснати врз ова семејство.

– Со Трајче живееме во многу лоши услови. Немам ниту фрижидер, ниту бојлерче, машина, правосмукалка, а, неколку месеци кога не земавме социјална помош, бевме принудени да земаме позајмици, па, дури и да питачиме. Заглавивме со брзи кредити, па, сега не можеме ниту глава да кренеме од извршители. Потребни се финансии и за Трајче да продолжи со факултетот, ама, немаме од каде-со болка раскажува Македонка.

Ова семејство живее во грч и страв. Затоа, побара помош за да можат да застане на нозе и да може мирно да живее. А, тоа е можно само со помош од народот.

Ако сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на следниот број 076/879169

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,660FansLike
3,324FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ