0.8 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024
spot_img

Децата ми го забодеа последниот нож в грб: Тешката приказна на Мира Бизимоска!

Мира Бизимоска потекнува од Ореше. Завршила само основно образование. Како дете работела по полињата заедно со своите родители. На 19 години одлучила да се омажи со Ратко од Лабуништа, Струга. Со него има три ќерки. Две близначки по 22 години, и третата ќерка има 18 години. Живееле во Струга во семејната куќа од сопругот. Подоцна таа куќа се продава и семејството купува стан во истиот град. Но, станот на Мира ќе им биде одземен од нејзиниот девер. Со нови сили Мира со семејството доаѓа во Велес. Па, извесно време додека децата учат основно, живеат и во Скопје само за да имаат подобри услови за учење. Но, финансиите ќе ги вратат назад во Велес. По неколку години ќе започне и макотрпниот и скитнички живот на Мира. Најпрво старата семејна куќа паѓа. Мажот ја остава и бега во Италија.

Последните ножеви во грбот на Мира ги забодуваат нејзините деца. Тие освен што не и помагаат кога и е најтешко, постојано ја малтретираат, а она Мира ќе го добие или заработи, знаат да и го одземат. Се случува да не јаде со денови. Ваквиот живот ќе влијае и на здравствената состојба на Мира. Таа веќе 8 години живее во остатоците од некогашниот дом. Под отворено небо. Заспива на земја, а, се покрива со ѕвездите.Одлуката на Мира да се омажи многу млада, веројатно ја испишува нејзината црна судбина во иднина. Зашто, по извесен број години, ќе се покаже дека ниту изборот на сопруг е добар, ниту изборот за создавање семејство. Бидејќи, тие што Мира најмногу ги сакала и вртат грб, ја носат до работ на пропаста и забодуваат нож во гради.

– Поради децата заминав во Скопје. Да учат. Да им обезбедам нешто кое моите родители не можеа. Но, поради финансиски причини не можевме да останеме, па, се вративме назад во Велес. Денес, токму тие кому јас им дадов се, ме оставија-започнува Мира.

Им помагаше на сите, но, сопругот ја остави и замина за Италија, па, и децата ја напуштија. Навистина не знам зашто тие барем не ја гледаат-раскажува Летка за судбината на Мира.

Мира денес има 44 години, но, изгледот ја издава нејзината мака. Лошите услови на живот, тагата и осаменоста, ќе направат оваа жена ниту нервно, ниту психофизички да не биде добра. Најчесто е гладна. Има ситуации кога со денови не јаде ништо. Се бања неколку пати годишно доколку отиде кај тетка Летка. И тоа јадење што ќе си го обезбеди за да преживее, од лошите и нехумани луѓе најчесто и е одземено, а таа скромна и скршена, навикната е да гладува и мизерува, па стомакот и гладот ја залажува со длабок сон, покриена преку глава со многу ќебиња, зашто само така патува во некои поубави и потопли места.

– Тешко ми е под отворено небо, но, што да правам, немам каде да одам. Има денови кога ништо не јадам. Се чувствувам сама на овој свет, немам пријатели, роднините и блиските не напуштија. Ми помага само Летка-вели Мира.

До пред неколку години Мира зела социјална помош, но, поради тоа што немала како, и со што да ги обнови документите, го губи и тој скромен приход од 4500 денари, па, единствен спас е Летка која еднаш во неделата двои од својот буџет, само да и даде на Мира. Често и носи и кантиче со храна што ја зготвила за своето семејство, кое Мира, со сласт го јаде во еден залак, зашто веројатно вкусот на храната одамна го има заборавено

И, покрај ваквиот тежок и кучешки живот кој не доликува ниту на веков во кој живееме, ниту хумано за едно човечко битие, сепак, Мира, дали поради нејзината психофизичка и здравствена состојба, дали поради тешките удари од најблиските, на прашањето дали и треба помош, одговора дека не сака помош од никој и ништо. Но, Летка, жената која ја пријави Мира во емисијата „Срце на дланка“, вели дека со една мала соба на овој простор која ќе биде покриена и со едно креветче во неа, ќе го спасат животот на оваа кутра жена, која со години се мачи и преживува.

Доколку сакате да помогнете на оваа семејство тоа можете да го направите на следниот телефонски број 078/717828 или на жиро сметката 500600020388330 Стопанска банка а.д. Битола

Автор Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,709FansLike
3,371FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ