2.8 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

 ЈА ПОБЕДИ ЛЕУКЕМИЈАТА: Четиригодишната Ајше се враќа дома по 9 месеци битка на детската клиника

На Детската клиника во Скопје денес убава вест за голема победа. Малата хероина Ајше се избори со леукемијата и заѕвони на победничкото ѕвонче.

„Денес, на Клиниката за детски болести имавме празничен ден. Ајше конечно под звуците на победничкото ѕвоно, по 9 месеци третман против леукемија, ја доби битката и денес конечно му се врати на нормалниот живот.“-напиша министерот за здравство Беким Сали.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, балон, внатре и текст кој вели „Ajshe A is a HERO“
Фото Министерство за здравство

Директорката на Клиниката, проф. д-р Аспазија Софијанова, нагласи дека со среќата на децата, започнува и среќата на возрасните.

-Ни беше драго што лекувањето за девојчето заврши без никакви последици и што таа можеше да го чукне ѕвончето. Тоа значи дека среќата кај децата мораме да ја поддржуваме и почитуваме, а оттука почнува и среќата на возрасните.

Таа го најави и скорешното отворање на новиот Регионален онколошки центар, чии подготовки, како што истакна се при крај.

-Посебна чест ми е што еве денеска со новиот министер разговараме и за она што ќе се случува во наредните месеци, а тоа е отворањето на новиот регионален онколошки центар. Подготовките се при крај. Тој ќе има капацитет од 25 до 30 деца, вклучувајќи ги и пост трансплатационите пациентчиња, што досега не беше случај. Од двете одделенија, моментално на клиниката има околу 20 деца со леукемија, сподели директорката на детската клиника, Софијанова.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,757FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ