Ленче Смилевска, доајен на македонското спикерство. Важи за мирна, скромна, вистинска дама, која во друштво со тогашните имиња како Славица Божиноска, Розета Арсова, Катерина Намичева, беше гордост и чест да ги гледаш и слушаш на телевизија, па затоа неслучајно и денешните генерации ги нарекуваат вистински дами за на телевизија, дами коишто внимаваа како изгледаат, но најважно внимаваа како зборуваат и како се однесуваат пред камера, а со тоа оставија голема одговорност кон младите генерации во медиумите, но колку тоа денес се почитува, е под знак прашалник?
Ако ги погледнете снимките на тогашен спикер, водител, новинар, вие ќе се восхитите, ќе ви го привлече одма вниманието, невозможно е да не ја почувствувате разликата помеѓу тој говор и овој сегашниов. Не зборувам само за изразувањето, зборувам и за ставот, држењето, таа ненадменост, бидејќи сега како што гледам, посебно по приватните телевизии, голем број од нашите колеги се прават важни пред гледачите, а со што би се правеле важни? Нема со што, вели во интервју за „Приказна“, Ленче Смилевска.
ПРИКАЗНА: Колку се внимаваше и ценеше правоговорот во медиумите порано?
СМИЛЕВСКА: Не дека се ценеше, туку едноставно не можеше без правоговор некој да излезе ниту на екран, ниту пред микрофон. Многу беше интересно што порано владееше дух на колективизам. Имаше заемна почит, разбирање, помош меѓу колегите, а сето тоа беше поради преданост кон општите интереси. Се знаеше порано, кога ќе влеземе во канцеларија, посебно кај спиреките, тоа беше едно големо семејство коешто секогаш беше расположено да им помогне на младите спикери.
ПРИКАЗНА: Има ли надеж да продолжи да се негува правоговорот и каде најмногу се греши денеска?
СМИЛЕВСКА: Секако дека има, ако некој нам ни „нареди“ да препишеме од она што се случувало пред 20 или 30 години, оти тогаш ако ги погледнете снимките на тогашен спикер, водител, новинар, вие ќе се восхитите, ќе ви го привлече одма вниманието, невозможно е да не ја почувствувате разликата помеѓу тој говор и овој сегашниов. Не зборувам само за изразувањето, зборувам и за ставот, држењето, таа ненадменост, бидејќи сега како што гледам, посебно по приватните телевизии, голем број од нашите колеги се прават важни пред гледачите, а со што би се правеле важни? Нема со што.
Но, некој си зема за право дури и додека зборува да седи свиткано, па така освен што не ја ослободува дијафрагмата и не ја применува техниката на дишење, не може буквално да се изрази како треба и не изгледа културно, а тука мора да ја внесеме и културата на говорот, бидејќи од моите учители и тоа го имам научено. Ако некоја медиумска куќа реши да поведе сметка за најчестите грешки коишто се прават со литературниот јазик, имаме луѓе коишто тоа знаење можат да го пренесат на помладите.
Исто така е важно, младите освен што треба да ги запазат основните критериуми и културата на говор, да поминат и школа кај моите колеги, за да можат да бидат слободни и кога ќе известуваат да не размислуваат дали ќе направат јазична грешка.
За Приказна, Ване Маркоски