2.8 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

ИНТЕРВЈУ Весна Витанова: прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА

Весна Витанова e прва жена од Македонија со лиценца за тренер на УЕФА и ФИФА. Со неа поразговаравме на темата жени во спорот. Македонската голманка успешно го брани голот и ја гради својата интернационална кариера.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе играат американски фудбал, луѓе што стојат, трева и текст
Приватна архива

Приказна Дали жените и мажите во спорот, заработуваат еднакво?

Витанова Во спортот никогаш и никаде не се случило во некој женски спорт жените да заработуваат повеќе од мажите. Таа родова нееднаквост е многу застапена во спортот. Јас сум свесна дека луѓето се многу позаинтересирани за машки фудбал или машки тенис, но, тоа не значи дека жените прават нешто помалку за да бидат помалку платени или пак помалку застапени во медиумите.

Приказна Има ли разлика помеѓу третманот кој го добиваат жените во фудбалот во Македонија и надвор од неа?

Витанова Кога излегов од Македонија престанав и да ги следам сите случувања во женскиот фудбал, бидејќи тој начин на водење, на управување од страна на федерацијата и управите на клубовите не ми се допаѓа и не гледам начин на продолжување на историскиот успех што го постигна Наше такси – единствен клуб што ги имаше сите услови и перформанси кои доведоа до историски резултат, но наместо да се продолжи тоа, ние почнавме да стагнираме, па дури и да тонеме. Единствена светла точка која ми остава добар впечаток е работата на струмичкиот женски фудбалски клуб Тиверија. Не дека сум пристрасна, бидејќи и јас сум од Струмица, меѓутоа нивниот начин на функционирање и водење на клубот дава резултати, тие се шампиони во сите категории. Ги инволвираат фудбалерките со работа, со помагање, мене многу ми се допаѓа тој начин на размислување како е воспоставен меѓу управата и фудбалерките. Тивериа на голема штета сè уште нема освоено шампионска титула, меѓутоа секоја година се на чекор до освојување на некој пехар. Сметам дека и останатите клубови треба да земат пример од нивната работа и нивната посветеност. Дружбата и мотивираноста се едни од клучните работи за да може еден клуб да функционира перфектно.

Приказна Кои беа предизвиците со кои се соочивте во вашата кариера?

Витанова Многу предизвици биле пред мене. Самото преселување од Струмица во Скопје на 16-годишна возраст беше за мене предизвик. Имав трема на првиот настап за клубот единство, за среќа имавме победа, тоа беше најубав почеток за мојата кариера надвор од родниот град и од матичниот клуб – Беласица. Најмногу предизвици имавме со Наше такси, каде беа поставени сите рекорди, најголем предизвик натпреварот со Паок, каде што по победата со 1:0 го постигнавме и најголемиот успех во женски фудбал. Со репрезентацијата би ги издвоила квалификациите, имавме победи, бевме први во групата, а важевме за аутсајдери. Морам да ја споменам и преселбата во Шпанија.

Емисијата Приказна посветена на фудбалот

За Приказна,

Бранка Чочкова

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,757FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ