4.8 C
Skopje
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

8-ми роденден на „Room 313“ – фамилија на музички креативци со големо значење за електронската сцена во МК

Ентузијастичкиот колектив за промовирање електронска музика и изведувачи „Room 313“ го прослави својот 8.ми роденден со одлична журка, минатата сабота во „Епицентар“.

Оваа приказна започна во 2014 година, случајно во соба со идентични бројки како и поштенската ознака на Детроит, родното место на техно-музиката. Тројца истомисленици, хипнотизирани од репетитивниот електронски звук, 8-ма година по ред ја промовираат и слават квалитетната музика на електронската сцена кај нас.

  • Првичната идеја беше да се забавуваме и да споделуваме музика меѓу себе, но како што се одвиваа и се оформуваа следните настани и настапи, некако природно ни се налепија професиите промотори и диџеи. Да промовираме модерна електронска музика и да организираме заеднички настани со пријатели, диџеи и уметници, кои имаат изострен слух и дефиниран вкус за електронска музика. Да се дружиме. Ова е основната идеја што нè спои со многу луѓе и ни донесе многу нови пријатели. Ние го промовиравме брендот „Room 313“, а тој нè промовираше нас. Заедно се оформувавме. Веројатно публиката почувствува некој оригинален пристап и искрена енергија на нашите настани, чија повратна енергија ја чувствуваме и ден-денес и ни дозволува да работиме со иста љубов, пасија и ентузијазам. Овие 3 работи нè обединуваат, ни ги креираат идеите и ни даваат енергија да продолжиме да го правиме тоа што нè прави исполнети и среќни, вели Александар Митрик.

За време на карантините се раѓа и идејата за roomania.mk. Тоа е платформа за електронска музика. Електронски музички магазин, серијал на аудиопоткасти и серијал на настани.

  • Roomania e фамилија на креативци. Среќни луѓе што се поддржуваат меѓусебно. Како електронски музички магазин, информираме за нашите активности и за активностите на нашите пријатели што се залагаат за електронската култура кај нас. Правиме интервјуа со водечките артисти на светската електронска сцена и интервјуа со нашите македонски артисти, со што сакаме да дадеме до знаење дека и нашите артисти делат слична приказна со големите имиња од светот и имаат исто толку голем потенцијал и квалитет во своите диџеј сетови и продукции, додава за крај Митрик од „Room 313“.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,817FansLike
1,514FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ