11.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

18 компании склучија партнерство за развој на кадри

Во Кавадарци на 20 септември 2023 година, M6 Едукативниот центар и швајцарскиот проект „Образование за вработување – Е4Е“, го најавија партнерството со кое приватниот сектор ќе се ангажира за развојот на кадарот во државата. Оваа соработка ја рефлектира заедничката заложба за развој на иновации, одржлив развој, како и економски и социјален просперитет на земјата.

Во с’ржта на ова партнерство, како што посочи Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативниот центар, се тренинг програмите за средно ниво на менаџмент. Тие се развиени врз идентификуваните потреби на пазарот на труд, а едновремено соодветствуваат на актуелните барања на компаниите.

Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, изјави дека денешниот настан е доказ дека македонските компании се спремни заеднички да креираат, насочат и финансираат иницијативи за развој на вештини, кои понатаму ќе донесат придобивки за приватниот сектор и вклучените кадри. „Се надеваме дека ова е само почеток, како и дека други компании, ќе бидат инспирирани да се придружат во иницијативата или да се вклучат во други иницијативи кои ќе влијаат врз нивната компанија, но и пошироко“, заклучи таа.

Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ Тиквеш, говореше за важноста од вложувањата во ново знаење, вештините на вработените на сите нивоа и во технолошки иновации и дигитализација. „Свесни за своето значење и својата општествено одговорна улога, спремни сме да го споделуваме нашето знаење со кооперантите и со останатите компании. Единствено со заедничкото делување можеме да го пребродиме непознатото“, изјави тој.

Според Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци, општината веќе вложува напори да ги усогласи потребите на компаниите со локалните политики, со посебен акцент на квалитетот на образованието. Тој смета дека ваквите проекти ќе помогнат во подигнување на свеста кај компаниите за нивната одговорност.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,279FansLike
2,913FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ