8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

„1000 години-Сведок на светлината“: Да се потпреме на она што е наше, изворно!

Каров: „1000 години сведок на Светлината“ е филм за љубовта, постоењето,  духовната преобразба » opserver.mk

„1000 години-Сведок на светлината“, во режија на Илија Ико Каров, е документарен филм посветен на Бигорскиот манастир, по повод големиот јубилеј на манастирот, одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на Бигорскиот манастирот. Во филмот се доловува духовниот монашки континуитет низ вековите, тој е филм за православието, за македонскиот Велигден.

Режисерот на филмот, Илија Ико Каров, вели: кога бев мал, се прашував зошто немаме ние филм којшто е од Македонија, а е за Македоците и за македонскиот Велигден. И конечно се појави филм кој пред секој празник ќе биде експлоатиран онака како што беа западните продукции до сега, изјави Каров за Приказна.

Филмот ја пренесува богатата историја, која се гради врз темелите на христијански дух. Овој филм говори за љубовта, постоењето, заборавените вредности, духовната преобразба и е морално патување нагоре кон вечноста.

Илјада летниот сведок на светлината интегрира многу голема и обемна историја зад себе и едноставно ако би требало во еден збор да го пренесам тоа би го пренел како љубов заради тоа што континуитетот на љубовта којашто блика од секој камен, од секој монах во Бигорскиот манастир, од секој ќош на манастирот горе под небосводот божји е љубовта, открива Каров. Тоа е нешто што трае уште кога св. Јован Дебранин го поставил и претпоставуваме и замислил така како што до ден денес функционира. Овој процес беше многу пожив.

Јас го крстив како отворен процес којшто не и служи на нашата страна од логиката туку едноставно функционира во рамките и просторот на неговата логика, вели Каров. Немав многу услови да се потпирам на овој класичен режисерски разум, но од друга страна прекрасното беше тоа што беше еден импресионистичко експресионистички процес. Верувам дека со истиот порив Моне години наназад ги носел креативни одлуки, особено кога ја сликал Импресија на раѓање на изгрејсонцето. Честопати имав такви ситуации. Особено оној дел од филмот кој е докуметаристичен, вие не можете да речете стоп, па да го вратите, па ако не е добар, па пак истата ситуација, сепак пак доследно документаристички да ја проследите, ама ете во полза на кадарот или на режијата да ја коригирате и да ја поставите. Такви работи нема. Велигден се случува тогаш, преображение се случува тогаш, едноставно што ќе фатите тоа е, додава Каров.

Со филмот се отвора перспектива на оригиналност, автентичност, непосредност и доживеаност. Тој е складен со традицијата и наративот, но има и нешто ново и оригинално, нешто свое.

Според Каров, најголем проблем беше што ќе се стави во филмот. Ние немавме проблем со барањето на сведоштва кои би се појавиле во контекст на овој филм, поголемиот проблем беше да видиме кој ќе влезе кој нема да влезе. Многу интересна работа на почетокот како режисер, прво нешто што ти прелетува низ паметот, ти сакаш да ставиш се, како повеќе влегуваш во православието сфаќаш дека вистинските чуда и најголемите дела на православните старци се оние луѓе кои ги имаат примено во полза на доброто, христообразба. Така што верувајте еден човек којшто се има победено себеси и којшто го има победено своето минато е многу поголемо чудо од некаков огнен столб.

Сакам да упатам еден апел до моите колеги автори, вели Каров. Значи може да има македонски филм којшто ги прават Македонците горди. Мора да прекинеме со трендот на додворување на западните фестивали и западната публика, несомнено дека они го диктираат трендот на светско ниво, но мислам дека едни вакви држави клако што е Македонија, која има толку многу историја зад себе и којашто на композицијата на нејзиниот мозаик, секое едно камче е дело само за себе, мислам дека треба да се потрудиме со македонските очи со македонското срце да ги видиме македонските работи и да му ги покажеме на светот. Ние навистина имаме повеќе од тоа што сме научени да го гледаме и она што од кај нас беше добро прифатено во светот. Го спомнуваме Бигорскиот манастир. Ако само почнам да говорам за келијното училиште во манастирот и кој се поминал, и кој се ракописи од таму се произлезени, најголемите македонски културни дејци сите имаат поминато во тоа училиште. Затоа уште еднаш ќе замолам, да се потпреме на себе, да се потпреме на она што е наше. Затоа што авторите никогаш не можат да исцрпат подлабока инспирација од она што е поврзано со нив, додава Каров.

Св. Јован Бигорски е гордоста на македонскиот народ и македонската Црква, симболот на непокор.

Документарен магазин Приказна на тема религија

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ