Дома Најнови Јасмина Трајановска: Дијагнозата на малигно заболување влијае на перцепцијата и го менува...

Јасмина Трајановска: Дијагнозата на малигно заболување влијае на перцепцијата и го менува животот

Самиот збор малигно заболување предизвикува низа негативни емоции. Значителен број на пациенти имаат високо ниво на вознемиреност по дознавањето на дијагнозата, и доколку психолошките проблеми се игнорираат и не се прифатат, квалитетот на живот на пациентот како и членовите на семејството, значително може да биде намален. Емоционалните реакции и психолошките проблеми како одговор на дијагнозата и третманот, можат да бидат различни и да доведат до тешкотии при справување со промените коишто настануваат во телото, проблеми со сексуалноста и интимноста, емоционалната нестабилност, несигурноста, чувството на напуштање, срам, проблеми со социјални контакти, споделува за Приказна, психологот Јасмина Трајановска.

Приказна Кои се реакциите на пациентите по дијагностицирањето на рак на кожата?

Јасмина Трајановска Да се има состојба на нарушено ментално здравје додека пациентот се соочува со дијагноза на малигно заболување, може да ги влоши резултатите, а од друга страна третманот на ментално здравје може да ја подобри стапката на преживување на ова дијагноза.

Многу професионалци го поставиле прашањето дали третманот на ментално здравје може да го промени текот на малигната болест и има добра причина да се верува дека може. Оние коишто го третираат овој сегмент, честопати гледаат подобрување на нивната целокупна здравствена состојба и имаат подобар квалитет на живот.

Самиот збор малигно заболување предизвикува низа негативни емоции. Значителен број на пациенти имаат високо ниво на вознемиреност по дознавањето на дијагнозата, и доколку психолошките проблеми се игнорираат и не се прифатат, квалитетот на живот на пациентот како и членовите на семејството, значително може да биде намален.

Емоционалните реакции и психолошките проблеми како одговор на дијагнозата и третманот, можат да бидат различни и да доведат до тешкотии при справување со промените коишто настануваат во телото, проблеми со сексуалноста и интимноста, емоционалната нестабилност, несигурноста, чувството на напуштање, срам, проблеми со социјални контакти и др. Токму овие одговори може да се појават во сите фази на болеста и често траат и по завршување на третманот. Вообичаени реакции како резултат на ова, може да има повеќе. Во прв момент се јавува стравот, затоа што дијагнозата ја плаши личноста. Потоа обвинувањето за настанување на болеста, односно самообвинувањето. Гневот исто се крие, зошто мене да ми се случи оваа состојба. Чувството на лутина е многу природен процес и не треба да се обвинуваме доколку не обземат лути мисли.

Документарен магазин Приказна на тема меланом

Приказна Како да се помогне пациентот да се смири?

Јасмина Трајановска Важно е да се запомни дека нема лоша или вистинска реакција и дека секое од чувствата е сосема природно, и во ред да се доживее. Фактот дека дијагнозата на малигно заболување влијае на перцепцијата и го менува животот, не значи дека треба да се откажеме од секојдневните практики и сите ќе ни помогнат во надминување на тешкотиите, и тоа во одржување на добра рутина на спиење, затоа што пак уморот може да влијае на концентрацијата и да го намали нивото на стрес, потоа практикување техники на релаксација кои можат да помогнат во зајакнување на расположението, да се олесни депресијата, анксиозноста.

Од голема важност се и техниките на дишење, доколку се извлече максимумот, доколку се практикуваат секојдневно исто можат да дадат добри резултати. Грижата на физичкото здравје, пропорционално влијае на менталното здравје. Иако знаеме дека не секогаш е лесно да се практикува физичка активност, особено поради несаканите ефекти од самите третмани, важно е да се преземат мали чекори на движење и истегнување коишто пак подоцна ќе преминат во редовна физичка активност и ќе резултираат со зајакнување на целокупното здравје.

Здравиот начин на исхрана помага во справувањето и побрзо зајакнување. Иако третманите може да влијаат на намалување на апетитот, сето тоа може да се надомести подоцна кога пациентот ќе се чувствува малку подобро. Споделувањето за тоа како се чувствуваме со некој од нашата околина може значително да помогне и да ја намали тежината којашто ја чувствуваме.

Приказна Како да се насочи семејството во давање правилна поддршка?

Јасмина Трајановска Поддршката од семејството и кругот на најблиските може да биде дадена како емоционална поддршка, којашто вклучува израз на емпатија, грижа и внимание кон болниот. Ова нему му помага да се чувствува удобно, заштитено и да верува дека ја добива потребната терапија и медицинска нега, дека припаѓа некаде, и дека е сакан и потребен.

Емоционалната поддршка особено е важна и за членовите на семејството кои можат честопати може бурно да реагираат на болеста на својот близок. Да се дијагностицира една ваква состојба е промена како за животот на пациентите така и за неговото семејство. Улогата на семејството во давање поддршка се одвива во насока на зголемување на самодовербата и самоефикасност на болниот, првенствено преку упатување на позитивни пораки на пример не грижи се, ние сме со тебе, се ќе биде добро, итн. и други вакви фрази коишто во својата заднина упатуваат позитивни пораки. Потоа, охрабрувачки зборови: знаеме дека ти можеш да се справиш со ова, ти можеш да го надминеш тој проблем, заедно сме в о оваа состојба и заедно ќе се справиме во оваа ситуација.

За Приказна,

Ване Маркоски

Exit mobile version