Дома Артикулација Што е афазија, поради која Брус Вилис ја заврши својата кариера?

Што е афазија, поради која Брус Вилис ја заврши својата кариера?

Повлекувањето на актерот Брус Вилис од сцената, поради дијагностицирање на афазија, предизвика бројни реакции кај јавноста. Многу негови колеги со емоции сочувствуваат околу неговата здравствена состојба.

"Како семејство сакавме да споделиме дека нашиот сакан Брус се соочува со некои здравствени проблеми. Неодамна му беше дијагностицирана афазија, што влијаеше на неговите когнитивни способности“, стои во пораката потпишана од сите негови деца и двете негови сопруги, поранешната Деми Мур и сегашната Ема Хеминг Вилиамс. 

По појавувањето на информацијата во јавност, и организаторите на наградите Златна малина, ја поништија наградата на Вилис.

Покрај Брус Вилис, медиумите споделуваат дека со афазија се справувале и Шерон Стоун, Ренди Тревис, Емилија Кларк

Што е афазија?

Афазија претставува загуба или нарушување на јазичните функции, а до тоа доаѓа поради мозочно оштетување. Станува збор за невролошка состојба. Мозочните повреди може да бидат предизвикани од повреди на главата при сообраќајни несреќи, тумори, деменција, зарази, поради недоволно снабдување на мозокот со крв. Најчеста водечка причина за афазија е мозочниот удар.

Личноста со афазија, во зависност од видот, може да ги има следните симптоми:

·         кажува кратки и нецелосни реченици;

·         кажува или пишува реченици кои немаат смисла;

·         заменува еден со друг збор;

·         не ја разбира комуникацијата на другите луѓе.

Потврдата за афазија може да се процени и потврди со помош на група од јазични тестови, кои ги спроведува логопед. Овие тестови вклучуваат проучување на говорот, именување, повторување, разбирање, читање и пишување.

Поставувањето на дијагнозата може да вклучи и компјутерска томографија, магнетна резонанца или позитронско – емисиона томографија.

Кај дел од луѓето кај кои е дијагностицирана афазија, закрепнувањето е без лекување, но кај голем дел од тие кои се соочуваат со оваа состојба, одредена количина на афазија обично останува.

Третманите како што е логопедската терапија, често може да помогнат во обновувањето на некои говорни и јазични функции со текот на времето, но многу луѓе сè уште имаат проблеми со комуникацијата.

Exit mobile version