5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Черепналкова Трајковска: мора да се осигура децата да користат интернет на одговорен начин

Конвенцијата за правата на децата е донесена во 1989 година, таа е потпишана од 196 земји, но во истата таа година е создадена и светската мрежата „www“. Она што тогаш не се размислувало и не се знаело е тоа до кои граници технологијата ќе навлезе во нашите животи и ќе ни ги смени, вклучително и детството. Од таа причина во 2018 година, Комитетот за правата на детето на ОН носи одлука да донесе генерален коментар, односно да ја искоментира и стави конвенцијата во новите услови кои ги создаде дигиталната ера. Со тоа започна еден широк консултативен процес којшто трае две години, вели за „Приказна“, Јорданка Черепналкова Трајковска – Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Приказна: Како дигиталната ера во која живееме, влијае врз детските права?

Черепналкова Трајковска: Дигиталната средина е реалност. Според статистиките скоро половина од светското население е онлајн, a во нив, скоро 1 милијарда деца користат интернет. Значи за многу деца е реалност, па затоа треба да се ревидира конвенцијата за правата на децата во контекст во кој денес живееме.

Би сакала да споделам еден интересен податок. Конвенцијата е донесена во 1989 година, таа е потпишана од 196 земји, но во истата таа година е создадена и светската мрежата „www“. Она што тогаш не се размислувало и не се знаело е тоа до кои граници, технологијата ќе навлезе во нашите животи и ќе ни ги смени, вклучително и детството. Од таа причина во 2018 година, Комитетот за правата на детето на ОН носи одлука да донесе генерален коментар, односно да ја искоментира и стави конвенцијата во новите услови кои ги создаде дигиталната ера. Со тоа започна еден широк консултативен процес којшто трае две години, дури во Март оваа година го публикуваа тој коментар за правата на децата во дигиталната средина. Тој процес вклучува деца, млади, институции, научни експерти, академски средини.

Над 700 деца се влезени во овој консултативен процес од 9 до 22 години, низ различни креативни работилници, како децата ги перципираат сите права, во контекст на технологијата. Тој генерален коментар ги коментира сите четири принципи на конвенцијата, но јас најмногу би се задржала на правото на слободно време и правото на игра, затоа што најчеста пречка помеѓу возрасните и децата е поминатото слободно време на интернет.

Тука е засегнато правото на слободен пристап до информации, правото на образование, право на собирање, значи сите тие се допрени од технологијата. Комплексно е темата „слободно време“. Не сите исто го перципираат. Некои сметаат дека времето поминато на интернет е точка на конфликт со возрасните, другите пак се порезервирани и се многу поблиски до она што го мислат возрасните за времето поминато на интернет, но нема да коментирам од тој аспект, туку ќе коментирам од аспект на правата. Она што е важно е дека секако го засега детството, тинејџерството, па и животот на возрасните.

Приказна Какви се коментарите на децата кои биле вклучени во изготвувањето на генералниот коментар?

Черепналкова Трајковска: Едно дете од Бразил вели дека концептот на слободно време е сменет. Ако некогаш тоа значело поминато време на улица, сега тоа значи поминато време гледајќи некоја серија, филм или некоја игра или социјална мрежа.

Уште едно девојче од Бразил вели дека можеби причината што сега толку време не сè поминува на улица е тоа што надвор се случуваат повеќе насилства од порано. Можеби во руралните средини, бидејќи нема насилство, помалку се користи интернетот и препорачува кога се прави истражување за времето поминато на интернет, да се испита и во која средина живеат испитаниците.

Ова се дел од точки на коишто се осврнува генералниот коментар за правата на детето.

Приказна Дали се наметнува потребата од создавање стратегија со која ќе се осигура одговорното користење на дигиталните алатки, од аспект на децата?

Черепналкова Трајковска: Не можеме да кажеме дека сè што е поврзано со интернет е негативно, туку има и многу придобивки, значи го промовира правото на детето на култура, одмор и игра, што е од суштинско значење за нивната благосостојба и развој и многу деца од овој процес кажале дека доживеале задоволство, интерес и релаксација преку вклучување на широк спектар на дигитални производи или услуги.

Многу е значаен делот во кој се укажува дека државите треба да ги обезбедат условите и да ги дадат насоките. Вели дека државите треба да ги регулираат и да даваат насоки за професионалци и родители, значи сите што работат со деца, за да се осигурат дека дигиталните услуги и технологии, кои имаат влијание врз децата се користат на правилен начин.

За Приказна,

Ване Маркоски

Приказна ЕП.33 – Тема: Интернет зависност

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ