Дома Вести Македонија Целодневна журка со екипата на „ROOMMANIA“ денеска на Оревче во Охрид

Целодневна журка со екипата на „ROOMMANIA“ денеска на Оревче во Охрид

И ова лето љубителите на електронска музика ќе имаат можност да уживаат на омилената плажа со најдоброто од електронската музика . Плажата „Оревче“ која со години ја поддржува независната сцена, за претстојното лето нуди музичка програма, примамлива како за домашните, така и за странските посетители.

Честа да ја отворат официјалната програма на плажата и припадна на екипата на ROOMANIA, кои на 2ри Јули најавуваат целодневна журка. Тимот од 5 диџеи – Mitrik, Samardjiski, DIMITR, Alexandar и Dafilov, ќе се погрижат да ја отворат музичката програма со добра забава.

Оваа сезона во програмата се вклучени светски и регионални реномирани артисти, чии настапи ќе бидат надополнети со истакнати македонски диџеи кои ја негуваат и  презентираат модерната електронска култура во Македонија. На програмата се Layla Benitez ,англискиот продуцент Tim Green, русинот Gorje Hewek, англичанецот tIJN и германското дуо Frankey & Sandrino.

Регионални музички имиња кои ќе настапат се: Thilini, Runy, Filip Fisher & Lobor D, Mike Steva. 

За Приказна,

Ване Маркоски

Exit mobile version