Фотографот Томислав Георгиев е победник на глобалниот натпревар „Вода=Живот“!
На глобалниот фото конкурс учествуваа 143 фотографи! Темата на натпреварот гласеше „Вода=Живот“, а фотографи од целиот свет испраќаа фотографии во три категории: премногу суво, премногу мокро и премногу валкано.
Фотографијата e направена на 3 септември 2022 година. Прикажува маж како ги чисти водните плевели и смет од дното на реката Црн Дрим во Струга.