19.8 C
Skopje
Monday, September 16, 2024
spot_img

Тамара Панова: Го остваривме сонот со целосна посветеност, дисциплина и напорно тренирање

Тамара Панова танцува веќе 10 години. Тоа и овозможи да се натпреварува во категоријата за формации, со група девојки и соло. Тамара заедно со Маја Крстевска, Зорица Симјановска, Јана Мицевска и Софија Богевска, предводени од нивната тренерка и кореографка Јагода Димовска, постигнаа одличен успех На Светското првенство во латино формации, кое се одржуваше во Камбрилс, Шпанија. На ова првенство танцовата, група Старс од клубот Степ АП од Битола, го освои високото 4-то место. Успехот на ова светско првенство ќе остане засекогаш врежан во историјата на македонскиот танцов спорт.

Освоивме 4 место. Во конкуренција беа 17 формации, од различни земји. Сите беа со различен број на девојки во групата. Натпреварот беше одлично организиран. Ретко кој може таков натпревар да организира на убав начин. Чест ни беше да бидеме членови на таков светски натпревар. Се запознавме со многу девојки, суди, споделува за Приказна, Тамара.

Горди сме што го постигнавме овој успех. Докажавме дека со целосна посветеност, дисциплина и напорно тренирање сонот се остварува, велат од клубот.

Вежбаме долго време. За ваков светски натпревар треба да се подготвиме физички, но и психички. Големо вложување имаше од сите нас за овој натпревар, открива Тамара.

Во конкуренција на 17 латино формации, нашите девојки се покажаа како вистински професионалци. Се натпреваруваа рамо до рамо со светски сили како што се Кина, Тајпеј, Шпанија, Германија, Португалија, Австрија, Франција, Литванија, Турција. Оценувани беа од судии од 8 различни земји.

Освоивме 4 место. Во конкуренција беа 17 формации, од различни земји. Сите беа со различен број на девојки во групата. Натпреварот беше одлично организиран. Ретко кој може таков натпревар да организира на убав начин. Чест ни беше да бидеме членови на таков светски натпревар. Се запознавме со многу девојки, судии, открива Панова.

Таа додава дека танцот го одбрала, затоа што и бил интересен.

Уште како мала ми беше интересно. Ме привлекуваше и музиката. Доаѓам од едно музикално, уметничко семејство и затоа можеби тоа ми е до некој степен и наследно. Со танцот имам големи придобивки. Имам повеќе самодоверба, можам да се искажам на повеќе начини, ме одржува буквално во живот, раскажа Тамара за Приказна.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,656FansLike
3,312FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ