Дома Бизнис Приказна Симона Константиновиќ: Охрабри се и следи ја својата интуиција

Симона Константиновиќ: Охрабри се и следи ја својата интуиција

Симона Константиновиќ – сопственичка на Кеншо Мајндхаб, за Приказна ја раскажа својата приказна за отворање сопствен бизнис.

Како одлучивте да почнете своја бизнис приказна?

Симона Константиновиќ Можам да кажам дека се случи спонтано поради тоа што дојде Ковид пандемијата да не беше пандемијата, можеби работите и немаше да се случат, можеби ќе се одлучив малку подоцна во текот на годините да започнам сопствен бизнис. Во текот на целото искуство во маркетинг индустријата, каде што поминав 15 години, го собрав искуството бев созреана, меѓутоа не бев спремна да започнам нешто свое.

Кога се случи пандемијата на многумина од нас се случија и нели многу промени во однос на размислувањата. Многу луѓе се охрабрија, не само од помладата генерација, туку и токму ние коишто веќе сме 40 плус и дојдовме во стадиум каде што рековме, океј, сега е можеби вистинскиот момент. Јас дојдов до тој стадиум. Се беше спонтано, само одлучив дека треба да го работам, тоа навистина го сакам и навистина ме исполнува. Тоа беше мојот почеток, се одлучив и еве сега сме тука.

Што работевте претходно?

Симона Константиновиќ Во маркетинг индустријата работев долго време, работење на стратегии, градење брендови коишто беа и се успешни на пазарот. Меѓутоа и сосема од стартапи почнување од почеток цели кампањи, така што целиот процес за да го изградам, ова мене ми дојде сосема спонтано, бидејќи веќе ја имав некакво чувство за тоа што треба конкретно да се направи, како да се делува.

Дали имавте ментор кој се фокусираше?

Симона Константиновиќ Конкретно во градењето на бизнисот не, меѓутоа, тоа мислам дека беше така поради насобраното искуство коешто го имав. Имам ментор сега во текот на оваа работа којашто ја работам моментално. Меѓутоа, додека го градев брендот не, точно знаев што сакам, во која насока треба да се движат работите, како сето тоа треба да изгледа и многумина ми кажуваа дека треба да размислам, бидејќи можеби не е вистински момент во време на пандемија, кога се е затворено да се вложува во ваков бизнис.

Мојата интуиција велеше дека сосема спротивно треба да направам, бев убедена и сигурна дека треба да се вложи и како уште повеќе од претходно во вакви центри каде што луѓето, особено после пандемијата, го сменија својот лајфстајл и до ден денес сè повеќе расте потребата од ваков тип на центри за да се делува нели на целиот мајнфулнес кај луѓето.

Колку ви помага работењето со ментор за напредок?

Симона Константиновиќ Многу, можам да кажам во конкретниот случај ако нема ментор сметам дека можеби мојот напредок ќе оди многу побавно, а благодарение на мојот ментор, односно учител, мојот напредок е поголем, продлабочен. Треба постојано да се вложува во себе во едукации, исто така и во сите луѓе коишто решиле да се занимаваат со оваа дејност, без разлика дали се директно инвеститори во тоа или пак работат само како вработени. Сметам дека едукацијата треба да ја примаат постојано да учат за да видат напредок и прогрес.

Дали Вие сте ментор, дали со задоволство го споделувате вашето искуство и знаење?

Симона Константиновиќ Апсолутно, со сите луѓе коишто доаѓаат тука, настапувам исто како што сум го добивала тоа и од моите учители и сакам да споделам буквално сè што мене ми помогнало за да се справам со одредени стресови, да донесам одредени одлуки коишто во моментот не сум знаела дали се исправни или не. Луѓето да си најдат некаков баланс каде што ќе можат да изградат конекција со себе и да бидат посреќни во начинот на живот.

Документарен магазин Приказна

Со какви се предизвици се соочивте овие четири години?

Симона Константиновиќ Со интересни предизвици, би можела да кажам. Првата година мислам дека беше најдинамична, во смисла јас можеби не знаев во одредени моменти како треба да делувам што треба да направам, меѓутоа само треба да не се откажуваш кога ќе ти дојде одредена препорака да го најдеш најдобриот начин како да се справиш со таа препрека.

Сè што треба човек да направи е да не се откажува бидејќи нема ништо лесно. Значи особено кога ќе започнеш свој бизнис работиш од сабајле до вечер буквално и претходно тоа не беше исклучок во мојата ситуација, меѓутоа, сепак одговорноста е многу поголема кога водиш одредено место кога одредени конкретни луѓе доаѓаат тука работат и треба сè да функционира беспрекорно за на крајот од месецот на крајот на годината да има и одредена финансиска исплатливост. Можеби тој предизвик за мене беше еден од потешките проблематики.

И што би им препорачале на жените што во овој момент размислуваат, дали да го направат првиот чекор со основање свој бизнис?

Симона Константиновиќ Би препорачала само едноставно дека треба да си ја следат интуицијата, доколку можат да најдат начин како да си ги надминат стравовите, бидејќи секогаш постојат препреки, стравови во животот.

Ако потклекнеме на стравот, никогаш нема да одиме напред. Едноставно кога започнав со овој бизнис реков океј, јас започнувам и викнав архитект, почна да се реновира и така натаму. После тоа никогаш не си спремен да започнеш. Зошто објектот не е спремен и викаш океј на 1. почнувам и кога ќе си поставиш одредени таргети коишто мора да ги следиш работите се случуваат и тие таргети тебе те туркаат да одиш напред, напред, напред итн.

Секој треба да се охрабри и да си ја следи својата интуиција.

Наташа Јанкуловска Торевска

Exit mobile version