13.8 C
Skopje
Thursday, September 19, 2024
spot_img

Силвија Митевска: Параглајдингот е љубов

Силвија Митевска со параглајдерство започнува да се занимава на свои 16 години. Нејзината лична приказна ја сподели со нас.

Првиот лет беше на Ајватовци, брдото близу Скопје, вториот, висинскиот беше од Крушево. По тој лет знаев дека параглајдерството е спорт за мене затоа што чувството што го имам во воздух беше едно посебно доживување и знаев дека во овој спорт ќе вложам многу време и енергија, споделува Митевска.

После тој висински лет, Силвија продолжува уште долги години да се занимава со параглајдерство и рекреативно и како дел од репрезентацијата и тоа во време кога поизразена беше родовата нееднаквост во спортот, посебно во спортови како параглајдингот кои се сметаат за т.н. машки спортови.

Гледам дека спортовите сè уште се делат на машки и женски спортови. Во спортот отсекогаш доминирале мажите, но гледам дека во последните години жените се погласни во однос на тоа колку спортот е важен за нив и колку треба да има место за сите девојки и жени во спортот.

Кога јас летав, се сеќавам како младо девојче, на стартот кога ќе се појавев, слушав коментари дека немам доволно сила, дека немам доволно храброст да летам, но мислам дека овие коментари ми беа инспирација и мотивација да бидам уште повеќе амбициозна и искрена, и да им докажам на сите дека летањето со парагјалдери не е само за момчиња и машки, туку подеднакво може да учествуваат и да бидат успешни и девојчињата и жените, додава Силвија.

Силвија досега летала и учествувала на натпревари скоро во сите земји низ Европа.

Се натпреварував најпрво во далечината на прелетани километри, крос кантри а потоа и во акробации. Акробациите имав можност да ги научам од мојот ментор и инструктор Мендо, и бевме единствените кои успеавме да се натпреваруваме на акробатски натпревари. Тоа е посебно доживување кое е спектакуларно за гледање, додава Силвија.

Иако не лета многу често како порано, сепак вели дека ја следи ситуацијата со овој спорт кај нас и додава дека жали што нема многу нови млади луѓе кои во овој спорт гледаат предизвик.

Македонија има прекрасни услови за летање, имаме многу сончеви денови, одлична патна инфраструктура до планинските врвови, опкружени сме со планини и имаме добри инструктори кои може да ве научат за еден месец како да летате. Финансиското вложување е кога ќе си купите параглајдер и опрема, после тоа доволно е да бидете член на некој од клубовите и можете да одите на летање со нив. Младите треба да го пробаат овој спорт, да видат колку е убав, колку се убави тие заеднички дружења и колку е убаво кога на некој начин ќе се поврзете со природата и ќе може слободно да летате, смета Митевска.

Документарен магазин Приказна

Македонија со трето место на светско првенство во парагјалдинг и не е така мала работа, додава за крај Силвија.

Сакам да ги пофалам момците кои направија неверојатно успешен потег. Ние сме светски прваци во параглајдерство, нешто што беше незамисливо да се постигне порано. Ги оставивме зад нас развиените земји како Австрија, Швајцарија, Германија. Се надевам дека ќе следат уште вакви успеси во следните години.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,659FansLike
3,321FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ