Франција, Чешка, Шпанија и Португалија воведуваат построги мерки и нови затворања за да го спречат ширењето на коронавирусот.Карантинот во Белгија е продолжен, а строгите мерки се сила во Германија и Ирска. Шведска пред неколку дена воведе построги мерки.
Делумното затворање е на сила од овој викенд во делови на Франција кои се особено тешко погодени од пандемијата на коронавирус, имено областа Ница и крајбрежјето на југ и север околу Данкирк. Чешка се приближува до бројката од 20.000 смртни случаи. Владата во петокот донесе одлука за воведување на нова вонредна состојба, која ќе стапи на сила во недела и ќе трае 30 дена. Во Шпанија на сила е полициски час, кој ќе трае најдоцна до мај. Португалија воведе ново затворање на 15 јануари. Нов бран на коронавирус го зафати и Балканот, бројките скеојдневно растат во Македонија. Засега нема најави за нови мерки, но властите подвлекоа дека будно ќе ја следат состојбата.
Светот воведува построги мерки, во Македонија се следи состојбата
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.