3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Самохран родител, тивок борец за иднината на своите деца

Самохран родител. Не случајно ги нарекуваат тивки борци. Доволно тивки за да нивното дете не слушне и разбере што секојдневно поминува еден родител за доброто на своето чедо, а доволно гласни таму каде што треба, за да се изборат за негова насмевка, бидејќи токму насмевката на лицето на едно дете, ги прави сите другите работи да се само една обична ситница. Денес разговараме со Љупчо Нешков, самохран родител на трид деца.

 Многу тешко е…Со три деца сам да се снајдеш. Одат и во училиште. Сега учат дома поради короната. Интернет немаме. Се мачат со телефонд а учат, па зема лап топ од другарче кое не е на нстава, за да се приклучи да учи…“- Вака ја почнува својата приказна нашиот денешен херој, Нешков Љупчо, самохран татко на 3 деца, кој на овој предизвик му гледа во очи веќе цела година

За родителот детето секогаш е во прв план. А, за детето, родителот е се во животот, посебно самохраниот родител која ја има улогата и на и мајка и татко. Самохраниот родител е борец, борец кој го интересира само насмевката на неговото дете, не сакајќи тоа да дознае што во позадината се случува и со какви борби во предизвиците може родителот да се соочи.

Тој вели: „ Мене ми е многу тешко тоа. Да им направам оброк, да јадат, па треба да се бањаат, а девојчиња се. Тоа ми е најтешко што може да биде. Ама добро е што Стефанија ми е веќе голема и ми помога и во овие работи многу. “, па додава: „ Без мајка верувам дека им е тешко. Но, што можам. Ќе ги учам и ќе продолжам да ги советувам и понатаму. Но, на децата им е тешко многу. Освен што треба да одат во училиште, треба да се грижат и за дома. Посебно најголемата ќерка и средната. Превземале обврски од мајката и наместо да имаат детство, тие вршат и домашни работи. Но, ете имаат поддршка и од семејството, како стрина, баба, тетка, значи со нив. Секогаш има човек да им помогне и да ги советува.“

Еден од поголемите предизвици за самохран родител е воспитувањето на детето. Самохраниот родител Љупчо сподели со нас кои се навиките кои настојува да ги пренесе кај своите деца. Тој ни откри дека ги воспитува децата секогаш да бидат културни, да не е важно дали е повозрасен или помлад човек, туку секогаш да се однесуваат културно со сите, да си разговараат, да си играат со врсници и да им укажуваат на другите деца, ако прават некултурни работи, дека тоа не е во ред.

Пандемијата освен што промени многу работи, донесе и нови тешкотии за овие родители и деца. Според Љупчо, пандемијата  донесе повеќе нервози. Ова се одразило врз неговото здравје:„ И со кичмата имам проблем само од нервирање. Но, полека, полека пак се трудам да ги извадам на прав пат. Имаме на пример ситуација каде неможам да им земам уште еден лаптоп за да учат, а тоа ми е најтешко. На работа одам и мислам дали ќе седнат да учат. Самите многу се трудат и се снаоѓаат, но им е и понекогаш срам да побараат компјутер од другарчиња. ЈАс кога сум дома барам и им помагам…“-искрено сподели со нас. „ Кога децата живеат со двајцата родители, им е полесно и подобро и за нив. На моите деца, сами со мене и е навистина потешко многу. “-смета Нешков.

Но, сепак и покрај сите искушенија и големата грутка во грлото што еден самохран родител ја чувстува при секој нов предизвик или прашање од своето дете, Љупчо вели дека воспитувањето на своето дете да биде подобар човек, е најдоброто нешто што еден родител може да го направи за него.

„Било кој човек да е, секогаш на децата треба да им се дадат совети да бидат културни, да учат, да се зближуваат со луѓето, да не се расправаат, бидејќи ако детето не го советуваш може да тргне по лоши патишта. “

 За Приказна, Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ