Во Конгресот на САД е поведена резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите американски Држави.
Во образложението на резолуцијата е дадена цела историографија на придонесот на македонската заедница за САД и печатот што таа го оставила во оваа држава. Притоа има многу факти, вклучувајќи го и тоа дека првиот Македонец таму стапнал – околу 1492 година.
Во моментов македонската заедница во САД брои околу 500.000 иселеници, а во резолуцијата се наведува дека тие се енергична заедница која е вградена во американскиот мозаик, учествувајќи во сите сфери на животот, бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот ангажман, владата, војската, образованието, уметноста, кулинарството, атлетиката и многу повеќе.
Во историографијата, меѓу другите работи, се наведуваат и следниве факти:
-Македонските Американци придонесоа за изградба на монументални американски транспортни рути како што е Големата северна железница.
-Во 1922 година, македонско-американските доселеници Том и Џон Кираџиеф, користејќи стари македонски рецепти пренесени од нивните родители и баби и дедовци, го создадоа чилито Синсинати, омиленото американско јадење, кое во 2013 година беше прогласено за едно од „20-те најисконски јадења во Америка“ од Смитсонијан.
-Македонските доселеници основаа своја верзија на познатиот хот-дог Кони Ајленд на почетокот на 20 век, кој останува главно јадење во рестораните во стилот на Кони Ајленд низ Средниот запад;
-Македонскиот Американец Стојан Христов, кој емигрирал во САД во 1911 година, бил американски автор, новинар, разузнавач од Втората светска војна и претставник на државата Вермонт (1961–1962), сенатор (1963–1972) и ја напиша книгата „Ова е мојата земја“, која беше омилена на претседателот Френклин Д. Рузвелт;
За Приказна,
Ване Маркоски