9.8 C
Skopje
Wednesday, December 18, 2024
spot_img

Проф. д-р Глигор Тофовски: Отворено за ендометриозата, да не ги игнорираме нејзините симптоми

Што е ендометриозата?

Проф. д-р Глигор Тофовски Генерално, зборуваме за женско сексуално и репродуктивно здравје, а ендометриозата е едно заболување коешто е дел на сето она на кое треба да внимаваат жените во тек на овој период, за нив многу значаен, кога почнуваат со менструалните циклуси, со сексуалниот живот и кога треба да се репродуцираат, да останат бремени и да остават потомство. Тоа е состојба која за нас лекарите е сè уште нејасна.

Никој со сигурност не може да каже која е причината зошто кај некој жени се развива ендометриозата, зошто кај некој не се развива. Присутна е од 1-8% кај општата популација.

Кај некој асимптоматска, може да има ендометриоза, цисти на јајниците, додека кај некои дури и малите жаришта предизвикуваат тешка и хронична болка која може да им го оневозможи нормалното функционирање во однос на сексот и репродукцијата.

Како се дијагностицира?

Проф. д-р Глигор Тофовски Сите знаеме дека медицината е многу напредна, и за некои заболувања веќе знаеме кој е причинител, знаеме која е терапијата, овде во овој случај немаме јасни показатели.

Имаме едeн прашалник за ендометриоза кој е усвоен од меѓународното здружение каде што се бараат едни општи, генерални симптоми кои се карактеристични. Меѓу најкарактеристичните се оние патогномоничен знак кој е јасно поврзан, а тоа е силна болка во карлицата поврзана со менструалниот циклус. Тоа всушност е постоење на ткивото од ендометриумот, во друг дел на женското тело. Тоа може да биде перотониум, цревата, најчесто е јајникот, може да биде присутен и во белите дробови, и во тој случај овие симптоми кога жената има менструално крварење, самото тоа собирање на течноста предизвикува болка.

Има и други инфламаторни маркери коишто се излачуваат кои успеваат преку нервните завршетоци да предизвикаат болка, и тоа е еден од главните симптоми коишто се повторува болка. Она што постои доколку со тек на време се создадат адхезии, меѓи гениталните органи, почнуваат другите хронични проблеми, дури и болки што се пренесуваат преку нозете, тешкотии при движење и болки при сексуални односи.

Дали ендометриозата може да влијае врз плодноста?

Проф. д-р Глигор Тофовски Таа е еден од докажаните фактори кои влијае врз плодноста. Имаме запоставување на дијагнозата. Имаме тешкотии во поставување затоа што ниту со ултразвук, ниту со симптоми, ниту со магнетна резонанца не може сигурно да се воспостави дијагноза.

Златен стандард е лапароскопијата, којашто во исто време може да биде и терапевтска операција каде што точно ќе се види, ќе се земе ткивото и ќе се добие хистопатолошка потврда и ќе се извадат постоечките видливи ендометрични жаришта. Она што може да се дијагностицира, се различните степени на присутност на ендометриозата во организмот.

Има 4 стадиуми. Последните 2 се поврзани со анатомски промени и тоа анатомски прави пречки за остварување на бременост. Самото постоење некако влијае на јајникот, така да и помали жаришта можат да бидат за намалена можност за репродукција кај жената.

Има ли генетски предиспозиции?

Проф. д-р Глигор Тофовски Имаме точни докази од пациентките дека нивните мајки, тетки, имале барем еден член во фамилијата поврзан со ендометриоза. Генетски тие пациенти се посклони да ја наследат болеста, иако постојат и оние каде што не постои генетска компонента. Постојат и други фактори, некогаш е позицијата на матката, постоењето на ретроградната менструација каде имаме истекување на крвта кон абдоменот.

Дали кај жените во менопауза не постои можност за појава на ендометриоза?

Проф. д-р Глигор Тофовски Одново да се појави во менопаузата, немаме. Дел од пациентките, онаа ендометриоза која ја носат во животот, која претходно постоела кај нив, може да доведе до влошување на симптоми и да има потреба од оперативен третман.

Самата ендометриоза е бенигна болест, не е карцином, но има свои циклуси во кои може повторно да се појави. И да се отстранат хируршки, може да се појави ново жариште. Она што е битно доколку таа ендометриоза, поготово во период на перименопауза, над 45 година, има одредена склоност да прејде и во малигна, односно во карцином. Би требало овие поголеми жаришта, поголеми ендомериоми да се сфатат многу сериозно во подоцнежниот период исто така.

Оние кои највеќе страдаат и имаат најмногу болки, и се привикнуваат на состојбата, а не треба, треба да се бара причината за болни менструации и односи, крварења од дебелото црево, би требало сериозно да ги сфатат симптомите и да ги третираат сè додека се помлади.
Како тече лекувањето и колкави се трошоците?

Проф. д-р Глигор Тофовски Овие жени можеби се оневозможени одредени денови да не одат на училиште, на работа тоа е сериозно и сериозно треба да се сфатат последиците од болеста. Апелот е што порано се јават и што порано се откријат симптомите.

Доколку се работи за мали жаришта, тогаш комбинација од хормонска терапија и аналгетска терапија може да е доста успешна до оној момент до кој пациентката не реши да се репродуцира. Во оној момент кога имаме бременост и доење, во тој период немаме лачење на еднометриалното ткиво, тоа не се одлепува. Тој период на некој начин е природна заштита од ендометриозата и нејзиното ширење. Овој тип на лекување е резервиран за оние кај кој болеста ќе се открие порано, каде што имаме жаришта кои се до 2 см, каде што може да се реградира процесот. Тој не замира целосно, може да замре во менопаузата, но се држи под контрола. Доколку се открие покасно и веќе имаме поголеми жаришта над 3 см, во тој случај оптимална терапија е хируршки третман.

Документарен магазин Приказна

Колку јавноста ја перципира ендометриозата? Дали пациентките препознаваат шпекулации од суштински информации за болеста?

Проф. д-р Глигор Тофовски Токму тоа е нашата намера. Здружението на гинеколози сака сите овие заболувања и сите овие проблеми кои се јавуваат во сексуалниот и репродуктивниот период да ги извадиме на виделина, да се зборува повеќе за нив. И во светот постои истата тенденција. Тоа е едно големо заболување, а многу малку се пријавува и се открива релативно подоцна.

Би сакале што повеќе жени и млади да дознаат за болеста и не секоја болна менструација и не секоја хронична болка која се јавува во абдоменот при сексуалните односи треба да се игнорира.

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,753FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ