Во средното и основното образование, државата мора да работи многу со наставниците, за да може да се промени тој стил на барање на знаење од учениците. Бидејќи таа генерација, ќе се соочи со многу големи проблеми. Таа матрица на размислување сега се креира кај децата, и ако таа е толку затворена, тогаш ќе имаат проблеми во секојдневниот живот. Знаете, без разлика колку и да се добри и каква диплома и да имате, ако тој пристап на решавање на проблеми ви е различен од тоа што денес ви го нуди индустријата 4.0, што пред тебе ќе имаш можност да ги решаваш проблемите преку машина, не рачно, вие нема да бидете компатибилни, изјави за Приказна, проф. Азир Алиу
Дигиталното време забрзано чекори, носи нови промени, нови навики. Дали и колку успеваме да се приспособиме на нив особено, ако зборуваме за образованието како значајна алка?
Проф. Азир Алиу: За жал така е. Знаеме дека образовните процеси имаат цел еко систем, во кој за да имате промени треба сите алки од тој еко систем да ги приспособите кон таа дигитална транзиција. Тука влегуваат прво наставниците, учениците и целиот курикулум кој треба да биде приспособен на таа трансформација.
Дефинитивно не е лесно, но светот работи со години да ги стигне тие промени, кои навистина се тешки да се стигнат. На светско ниво, образовниот процес некако не успева да ги следи тие промени во коишто таа дигитализација ги носи секојдневно.
Родителите се значаен дел од тој круг и знаат да бидат влијателни особено затоа што честопати не можат да го сфатат тој информациски јаз којшто се создава генерациски и којшто мора да го прифатиме. Колку тие се важни во процесот на дигитализација во образовните процеси?
Проф. Азир Алиу Дефинитивно. Јас не ги спомнав затоа што во образовниот процес, министерството за образование и наука, треба тие промени да ги направи во тој процес, додека државата или владата треба да работи со општеството за да може тој граѓанин да го трансформира во дигитален граѓанин. Ако го немаме тој приспособен еко систем, таа транзиција тешко ќе оди. Тука значаен дел е родителот, но исто така и материјалите кои треба да се променат. Не само кај наставниците, учениците, туку и целото општество треба да се промени.
Образовнот систем треба многу да се менува за да се приспособи кон дигиталната ера во којашто живееме. Како ќе се менува пазарот на труд и како образованието од аспект на дигитализација да се вклучи во тој процес?
Проф. Азир Алиу Исто така и тоа е предизвик. Не само кај нас, во светот. Истражувањата велат дека некаде во 2030 година, над 80% од работните места сè уште не се измислени, не знаеме како ќе изгледаат. Тоа се поврзува со образовните процеси.
Образованието мора да биде пофлексибилна средина која ќе се приспособи кон потребите на пазарот на трудот. Во светот веќе се прават анализи, акциски планови, се вложува во тој пристап на нов начин на образование. Ние сме пред врата на индустрија 40, која се поврзува со вештачка интелигенција, со машинско учење. Сите тие промени ќе бараат нови вештини коишто ќе ги има пазарот на трудот.
Образовните процеси, ако ги анализираме во нашата држава споредбено со соседните земји, за жал, ќе забележиме дека заостануваме и тука. Ние немаме некоја државна стратегија во којашто целиот еко систем паралелно ќе се подобрува и ќе биде во согласност со потребите на пазарот на трудот. Ние пробуваме од време навреме да менуваме нешто, некои зборови што се атрактивни почнуваме да ги употребуваме како дигиталност, онлајн учење, учење на оддалеченост, но никако не успеавме еко систем да направиме. Ние за жал, не учевме и не научивме од пандемијата. Таа комуникација мораше така да биде. Се вративме на старото и го заборавивме тој дел.
Иновациите коишто ќе ни се случуваат ќе нè тераат и нас возрасните постојано да учиме. Колку во таа сфера ќе има значење неформалното образование?
Проф. Азир Алиу Дефинитивно. Неформалното образование е клучен елемент во нашата кариера. Ние се образуваме ден период од животот, и после цел живот работиме. Значи ако гледате визуелно, гледате дека третина од животот ви е учење, а потоа работа.
Неформалното образование ќе биде клучен елемент во иднина. Прво, повеќе се флексибилни а второ соработуваат со приватниот сектор. Тие се тие кои ги диктираат тие промени во општеството. Ако ние не знаеме да ги слушнеме и да имаме слух што утре ќе им треба, ние секогаш ќе бидеме чекор назад од технологиите и ќе бидеме некомпатибилни комплетно. Ценам дека треба да учиме цел живот.
Колку за ова е свесна бизнис заедницата?
Проф. Азир Алиу Веќе почнуваат да се менуваат и образовните процеси и образовните процеси, и приватниот сектор. Порано беше тешко да ги седнете на една маса да разговараат за проблемите што ги имаат. Денес, веќе посвесни се и високо образовните институции. Тие се фалат колку брзо им се вработуваат студентите на пазарот на трудот и врза основа на тоа се рангираат кој е подобар. Од таа гледна точка образовните институции почнуваат да се менуваат.
За жал, тука мора да напоменам дека законот многу ги ограничува и многу трае една промена во рамките на студиската програма. Од друга страна приватниот сектор станува свесен колку е битно тие да вложуваат и соработуваат, бидејќи се соочуваат со проблеми.
Денес најголем проблем во нашето општество не се ни парите, туку човечкиот капацитет. Денес се соочуваат со знаење, инфраструктура, финансиски се добри, но немаат луѓе кои ќе ги реализираат тие знаења. Мислам дека тој процес ќе треба уште малку да се подобри од аспект на инфраструктура. Тука државата има клучно значење да креира технолошки паркови, инкубатори, центри кои ќе бидат отворени.
Во средното и основното образование, државата мора да работи многу со наставниците, за да може да се промени тој стил на барање на знаење од учениците. Бидејќи таа генерација во основно ќе се соочи со многу големи проблеми. Таа матрица на размислување сега се креира кај децата, и ако таа е толку затворена, тогаш ќе имаат проблеми во секојдневниот живот. Знаете, без разлика колку и да се добри и каква диплома и да имате, ако тој пристап на решавање на проблеми ви е различен од тоа што денес ви го нуди индустријата 4.0, што пред тебе ќе имаш можност да ги решаваш проблемите преку машина, не рачно, вие нема да бидете компатибилни.
Информациите се значајна точка на цел образовен систем бидејќи во моментов имаме сегменти во образованието коишто се активни сè уште, а тоа веќе не е применливо денес, бидејќи информациите побрзо патуваат и многу деца имаат можност да стигнат до одредени информации коишто се новина, а во учебниците сè уште не се достапни. Како да го смениме тој концепт, како да разбереме дека податоците денес се лесно и брзо достапни?
Проф. Азир Алиу Да, во право сте. Денес младите се толку информирани, што навистина понекогаш се соочуваат со проблемот, зошто ова го учам кога има нешто друго коешто е пооптимално, подобро решение нуди итн.
Од друга страна јас гледам голем ризик тука, ризик од аспект на сигурност. Вие спомнавте родители. Ние имаме општество во кое ги немаме тие базични вештини, па родителите тешко се снаоѓаат во денешно време. Од друга страна се соочуваат со нивните деца кои навистина имаат вештини бидејќи растат со технологија. Тука постои тој ризик на незнаење на родителот, како да го едуцира детето да биде сигурен во тој дигитален свет. Исто така ценам дека ова е голем ризик за младите, па затоа и државата треба да работи многу, да ги обучи, за безбедноста на интернетот, неопходно е да има повеќе емисии кои би се фокусирале на дигиталната безбеднос кај младите.
Работевте на една интересна платформа, би сакале ли да споделите кои се искуствата кои таа платформа ќе ги донесе и кои се можностите коишто ќе може да ги имаат идните генерации од аспект на дигиталното образование?
Проф. Азир Алиу Сè уште сум дел од еден убав проект Skills for future. Таа е национална институција која нуди национални услуги. Тие се вештини кои се малку или воопшто не се познати кај нас. Тоа го правиме токму поради тоа, да ги информираме младите, но и приватниот сектор и индустријата за тие нови можности. Таму имаме обуки од типот на building information modeling, станува збор за концепт кој се применува во сите градежни компании на светско ниво.
Во Европа многу малку се знае, но во ЕУ се прави стратегија од 2024 да почне да се имплементира задолжително во таа градежна индустрија. Тоа ги подобрува сите процеси во таа индустрија. Покрај ова, работиме и во текстилната индустрија. Имаме 3Д моделирање во коешто дизајнерите кои се занимаваат со мода, наместо да креираат модели на кукла, креираат во Аватар. Тоа е побрзо и поеколошки. Исто така работиме и со обновливи извори. Имаме лаборатории каде што ги обучуваме и вработените од разни компании. Работиме и во земјоделство. Таму сакаме да ги внесеме сите нови технологии и можности за негово подобрување.
Вики Чадиковска