На 79-ти венециски филмски фестивал во полна сала беше светската премиера на најновото остварување на режисерката Теона Стругар Митевска.
Новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“, по сценариото на Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска е првиот македонски филм кој се прикажува во Венеција по „Судијата“ на Жанета Вангели во 2002 , а 28 години по триумфот на Милчо Манчевски со „Пред дождот“, кога го освои Златниот лав.
Продуцентката Лабина Митевска на публиката во Дарсена салата, порача дека уметноста мора да биде над сè. На светот не му требаат поделби по која било основа кои водат до конфликт.
Режисерката Теона С. Митевска се заблагодари лично на ко-сценаристката Елма Татарагиќ за довербата да ја донесе на екран оваа нејзина лична приказна.
Сценариото е базирано на вистинско доживување на Елма за време на конфликтот во Сараево во 90-те години од минатиот век. Главната актерка Јелена Кордиќ Курет изјави дека само со дијалог можат да се надминат несогласувањата, а тоа е и главната порака на филмот.
Според Варајати, обединетоста на времето и локацијата му дава на филмот театарско чуватсво, во најдобра смисла.
Од Венеција за Приказна,
Бранка Чочковска