9.8 C
Skopje
Wednesday, April 2, 2025
spot_img

Приказната на Атер меана: Ние сме дестинација за вкусна храна и добра забава

Македонија е земја препознатлива по вкусната храна и доброто вино. Гастрономската мапа на главниот град-Скопје од неодамна е надополнета со ново угостителско име кое ги соединува традиционалната храна, брзата услуга и звуците на македонската песна. Атер Меана ја збогатува угостителската понуда на Дебар маало.

Тимот на Атер меана


„Тука добро се јаде во кој било дел од денот. Од појадок, до ручек или вечера. Нашата цел е на посетителите да им ја понудиме македонската традиционална кујна, па во таа насока, ќе се обидеме да ги освоиме со нашите топли или ладни предјадења, главни јадења, десерти. Македонската кујна е вистинска ризница која изобилува со вкусови, а нашето мени ќе биде прилика да уживаат во неа сите посетители, домашни или странски. Сарма, тавче гравче, полнети пиперки, гулаш, мусака се само дел од традиционално мени“, велат од Атер Меана.


Пржени лепчиња за појадок, вкусна телешка или вргањ чорба, проја, пита, качамак, месо на жар, специјалитети на куќата се само дел од вкусното мени, достапно и приспособено од страна на готвачите Јован Валмарски и Соња Неделковска.
Во Македонија се негува едно убаво правило, нема добра забава, без десерт. Ова беше нашиот водич при изготвувањето на слаткото мени во кое вклучивме баклава, туфакија, трилече, чоколадна торта, а секако, не ги заборавиме ни сладоледот и палачинките.
Секое гастро уживање е следено од добар пијалак и музика, па затоа ве покануваме да наздравиме додека пееме. За атер.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,937FansLike
3,416FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ