3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Пенка Мукаетова: жените лидери придонесуваат за сплотеност во тимот

Од работата со институциите, работиме доста и со судовите, можам да кажам дека искуството покажува таму каде што има жени има и подомаќинско работење. Не сакам да бидам сфатена погрешно, но има поголема достапност до нив, може полесно да се комуницира, има една топла и домаќинска атмосфера, без оглед дали е институција или приватна компанија. Жените на раководните позиции имаат поинаков пристап со самите вработени, но и со луѓето од надвор, вели во интервјуто за Приказна Пенка Мукаетова, сопственичка и генерална менаџерка на Консалтинг интер Груп.

Приказна Како се одлучивте да ја почнете вашата бизнис приказна?

Мукаетова Мојата приказна започна пред десет години, оваа година одбележавме еден убав јубилеј. Работам во реалниот сектор, во консултантската дејност. Адвокатурата беше нешто друго, се работи по строго определени правила, ми недостасуваше оној креативен дел.

Сакав како жена која она што го носи во себе, сето претходно стекнато знаење да го реализирам преку нешто свое и така дојде идејата за основање на консултантската компанија. Почетоците беа тешки, влегов во нешто сосема непознато, па имаше и делови што не ги знаев до крај. Не е воопшто едноставно иако од надвор изгледа дека можеби е лесно и интересно, она што се следи преку социјалните медиуми. Меѓутоа, да се изоди тој пат и да се опстои на македонскиот пазар десет години, тоа бара макотрпна работа. Сме правеле грешки кои нè враќале чекори назад, но вербата и истрајноста нè донесоа на позицијата на којашто сме денес.

Приказна Имаме ли доволно жени на раководни позиции? И колку сите ние имаме удел во таа состојба?

Мукаетова Најсвежо ми е сеќавањето како известуваа медиумите за кандидатите за градоначалници, како ја пренесоа самата информација. Имавме нели адвокати и лекари и две дами. За овие 30 години независност многу работи се сменија, но многу и не се сменија, некои работи не се мрднати ниту од мртва точка, гледано во сите сектори, од политика, до судство.

Многу малку жени имаме на раководни позиции, кои можат да дадат свој придонес. Од друга страна пак, во реалниот сектор, од каде што доаѓам и јас, тука за нијанса можеби се поместени работите, затоа што имаме доста жени што се ставени на менаџерски позиции и многу солидно ги водат своите компании.

Сметам дека перцепцијата треба да се смени, да се даде шанса затоа што жените знаат и умеат да придонесат за подобро живеење или подобро водење на самите институции и организации.

Приказна Дали жените на лидерски позиции можат да придонесат до повеќе придобивки за компаниите и економијата?

Мукаетова Од работата со институциите, работиме доста и со судовите, можам да кажам дека искуството покажува таму каде што има жени има и подомаќинско работење. Не сакам да бидам сфатена погрешно, но има поголема достапност до нив, може полесно да се комуницира, има една топла и домаќинска атмосфера, без оглед дали е институција или приватна компанија. Жените на раководните позиции имаат поинаков пристап со самите вработени, но и со луѓето од надвор.

Приказна Што е клучно, според вас за успехот на жените лидери?

Мукаетова Постојаната едукација, неформалната едукација е многу важна и тоа во сите сфери, не само во она што го работиме. Колку повеќе стекнуваме нови знаења и нови вештини, толку повеќе можеме да си ја загарантираме позицијата што ја имаме или да имаме можност да напредуваме.

Документарниот магазин Приказна, посветен на жените лидери

За Приказна,

Бранка Чочкова,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ