Дома Вести Официјално од денес LINKEDIN го призна дислексичниот начин на размислување како...

Официјално од денес LINKEDIN го призна дислексичниот начин на размислување како вештина

„Дислексичниот начин на размислување“ или „Dyslexic Thinking“ конечно е препознаен како витална работна вештина од страна на LinkedIn, најголемата светска професионална платформа. LinkedIn ќе им понудат на своите 810+ милиони корисници на својот профил да го додадат „Dyslexic Thinking“ како вештина.

Вештините за дислексично размислување како креативност, решавање проблеми и лидерство се од витално значење за работното место во 21 век, кога ќе достигнеме 50-50 работни места помеѓу машините и луѓето, како што е предвидено за 2025 година – вештините што ќе им требаат на луѓето се вештини кои ги носи дислексично размислување.

Терминот „Dyslexic Thinking“ и официјално ќе биде признаен како термин кој означува вреден и витален сет на вештини, според dictionary.com, пренесуваат од здружението за дислексија Ајнштајн.

Ова е резултат на успешната кампања спроведена од организацијата „Made by dyslexia“ во партнерство со претприемачот Ричард Бренсон.

Exit mobile version