Денес во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена модната изложба „носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, чиј ментор е професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева. Модната изложба е омаж на Пикасо и кубизмот е првиот културен настан во Францускиот институт за 2024.
Оваа модна ревија, на која беа прикажани уникатни креации со мотиви од делата на Пабло Пикасо, првпат се одржа во декември минатата година во Музејот на Град Скопје, со поддршка на Амбасадата на Шпанија. Денешната изложба ќе ја отворат претставници од амбасадите на Франција и Шпанија.