19.8 C
Skopje
Monday, September 16, 2024
spot_img

Никола Дукоски: Четвртата година е најсоодветна да се почне со градинка

Во денешното брзо живеење, денешната динамика на еден начин е неизбежна ,затоа што нема каде да бидат згрижени на друго место, освен во градинките. По мене е многу значајно, децата кои влегуваат во тој процес на згрижување во градинка, да се адаптираат на начин на кој ќе припаѓаат од аспект на активно вклучување во адаптацијата. Тоа значи детето само да избере што ќе носи во градинка, значи да го има моментот на избор. Во какво шише ќе му биде водата, кое сокче ќе го носи тој ден, мини ужинка која ќе ја носи со себе за да на еден начин да ја има таа припадност. Клучниот момент е како го стимулираме тоа чувство, вели во разговор за Приказна, Никола Дукоски, психолог и психотерапевт во едукација.

Почнувањето со градинка е предизвик и за родителите и за детето. Како овој период да не биде тежок?

Никола Дукоски Тоа е една нова ситуација во циклусот на детето, бидејќи во денешното брзо живеење, денешната динамика на еден начин е неизбежна затоа што нема каде да бидат згрижени на друго место освен во градинките. По мене е многу значајно, децата кои влегуваат во тој процес на згрижување во градинка, да се адаптираат на начин на кој ќе припаѓаат од аспект на активно вклучување во адаптацијата. Тоа значи детето само да избере што ќе носи во градинка, значи да го има моментот на избор. Во какво шише ќе му биде водата, кое сокче ќе го носи тој ден, мини ужинка која ќе ја носи со себе за да на еден начин да ја има таа припадност. Клучниот момент е како го стимулираме тоа чувство.

Адаптацијата е неопходна во самиот личен код на човекот. Просториите во кои живееме, ги модифицираме по теркот на живеењето, текот на времето и со самото тоа се адаптираме. Исто така отцепот од една средина во која детето е згрижено и фокусот и вниманието на родителите е целосно насочен кон тоа битие, до отцепот каде тоа дете влегува во една поголема група од перспектива на детето може да биде и глутница. Друго е кога светат 20 главчиња, друго е кога свети едно главче дома.

Колку дружењето со други дечиња може да биде од корист за да се надмине тој момент?

Никола Дукоски Неопходен е, особено по втората година. Во првата година детето нема перцепција за другиот свет освен поврзаноста со мајката или ако се однесе во јасли тоа да биде воспитувачката. Од втората година е многу значаен тој момент. Во тој период го има и моментот на правила. Колку и да се мали децата, правилата надвиснуваат над нив.

Колку емоциите се значајни, особено од аспект на врската мајка-дете?

Никола Дукоски Секое одвојување особено од мајката потсетува на една голема сепарација којашто е неопходна да се појави. Се одвојува од нешто кое му дава комплетна поддршка, сигурност, комплетна емоционална безбедност, така што сигурно се јавува кај детето непријатност, непријатност, немир, сè додека не најде нешто опипливо кое ќе му даде сигурност.

Која возраст е идеална за детето да оди во градинка?

Никола Дукоски Во развојниот дел, повеќето психолози кои работиме со деца се повикуваме на психолозите, кои укажуваат дека 4 година е најсоодветна да се почне во градинка, ако е неопходно и 2 година.

Јас на некој начин би инсистирал да не биде само прва година, бидејќи таму треба да се развијат комплетно емоциите таму каде се формираат и зачнуваат, односно со мајката и целата поддршка на мајката.

Од втората година се учат правила кои најчесто доаѓаат од таткото којшто ги кажува првите „не“ кои се многу битни, бидејќи во втората година е оној момент кога сè што лета, се сè јаде. За детето е вообичаено да чепне каде што не треба да чепне, да јаде зеленило, бидејќи не постои забрана, а забраната треба да дојде од друго лице коешто не е мајката, бидејќи таа ја дава емотивната поддршка. Кога таа ќе каже „не“ тоа е поблаго само по себе.

Во третата година се наоѓа егоцентричниот дел кај детето. Мора да си ги бара само потребите, бидејќи во таа возрасна година е значаен моментот да кажува што повеќе „јас“ од аспект на тоа што се повикува на себе, знае да бара. Во таа возраст во ред е детето да биде егоцентрично. Многу е значајно да се појави. Доколу децата се во градинка во тој период, ќе имаат повеќе шанси да го надминат тој егоцентричен јаз и да го ублажат. Тука постои ризик фактор дека нема да им биде задоволено поради тоа што се во група.

Има ли разлика од деца кои се сами, или е прво дете дома и адаптирање во градинката и дечиња кои се веќе братче-сестриче?

Никола Дукоски Веријатно има, братчето и сестричето дава момент на сигурност, јас сум безбеден и не ме казнуваат. Тоа може да е момент кој се појавува кај детето, чим ме пратија во градинка јас сум казнет. Може да дојде и до момент мама и тато не ме сакаат, па затоа ме одвојуваат од нив. Колку и детето да сфаќа дека мама и тато се на работа, дека имаат обврски, се појавува тој загрозен дел бидејќи не може само да егзистира детето.

Дали надминувањето, може да се направи со заедничко адаптирање на еден од родителите или двајцата родители?

Никола Дукоски Да, доколку е потешка адаптацијата. Секое дете различно се поставува во новата средина, со самото тоа е значајно родителот да се адаптира на детето, не на ситуацијата. Можеби фокусот би требало да биде во детето. Не е лошо родителот да биде дел во градинката но да биде во простор кој е малку изолиран, дали е чекална или во дворот на градинката, за детето да не мисли дека цело време ќе биде тука.

Плачењето пред вратата во градинката може да е страв од разделбата со родителот, но може и да е манипулација за родителот. Дали детскиот плач е тестирање на родителите?

Никола Дукоски Да, секако. Родителите се многупати тестирани. Понекогаш имаат простор и време да ја разберат таа манипулација, понекогаш немаат време. Како и да е, значајно е да се инсистира до некаде дека неопходно е детето да биде во градинка, бидејќи нема каде, но мора да постои вакуум простор каде детето го има моментот на прифаќање. Со самото тоа што не постои кај детето ниту рационализација, ниту апстрактно, ниту критичко мислење, мора да има период и простор да ја прифати првично промената и сè друго. Плачот пред врата е познат на родителите, но мора да биде. Тоа е подготовка за она што ме чека, затоа што не знам како да го искажам ниту пак знам како поинаку да го прифатам.

Колку е важна релацијата помеѓу родителот и воспитувачот, за триаголникот родители, дете и воспитувач, да биде успешна?
Никола Дукоски Веројатно е значајна кога детето има потежок период на адаптација, дури и неопходна. Тоа би го нарекол и соработка. Некогаш се потребни и тактики, сценарија кој како да се постави со детето. Според мене, воспитувачот мора да си го задржи професионалниот аспект, да има граница помеѓу него и родителот, но каде има случаи каде има потешки приспособувања, неопходна е соработката.

Документарен магазин Приказна


Дали полесно се приспособуваат децата на училиштето како следна епизода, децата кои оделе во градинка или децата кои не биле во градинка?
Никола Дукоски Зависно од искуството, какво било искуството во градинка и каква била адаптацијата во градинка. Имам искуство со деца со кои сум разговарал, промената од градинка во школо да не ја сфаќаат никако посебно, туку само еден премин во нова средина и како премин на локација.

Од друга страна ако имаат искуство кое било непријатно и каде што биле нагли пресеци, потешка е адаптацијата во училиште сè додека не сфати дека тука има некои поинакви права и одговорности.

Што треба родителите да развијат кај себе како вештина со цел да ја намалат таа тензија околу адаптирањето на детето во градинката?

Никола Дукоски Тоа е значаен аспект консултирањето на родителите, кога е спремен родителот, многу веројатно е дека ќе биде спремно и детето. Кога родителот ја има таа јасност и сигурност ја пренесува и на детето. Психолозите и педагозите се тука и треба да бидат погласни.

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,656FansLike
3,312FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ