3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Наташа Дукоска: Комуникациски промени во маркетирањето за надминување на стереотипите

Дефинитивно жената повеќе беше насочена како главен лик, затоа што тоа е она што им се допаѓаше на оние кои заднински ја подготвуваа рекламата, а тоа беа мажи. Тоа беше машки свет, 70-те, 80-те, па и 90-те години. Мажот е беше тој кој одлучува и е потрошувач, затоа што тој повеќе заработува. Но, сега тој стереотип е поместен, затоа што самата жена почна да заработува. Сега самите производители веќе почнаа да се приспособуваат кон женскиот вкус, бидејќи сепак станува збор за разлики, вели за Приказна Наташа Дуковска, извршен директор на ПР агенцијата Навигаторс

Комуникациски жените долго времео се претставуваа како млади, високи и витки, а за жал не е исклучен ни обидот за претставување на жените како сексуални објекти. Како се претставуваат жените во комуникациите денес?

Наташа Дукоска Жената долго време била претставувана со некои стереотипи, каде што пред сè жената се гледа низ призмата на физичкиот изглед. И до ден денес, сакале или не, првенствено го гледаме физичкиот изглед на жената. Но, овој тренд полека се менува.

Рекламните компании ги портретираат жените како моќни, туку напротив, како зависни од мажите. Зошто?

Наташа Дукоска Дефинитивно жената повеќе беше насочена како главен лик, затоа што тоа е она што им се допаѓаше на оние кои заднински ја подготвуваа рекламата, а тоа беа мажи. Тоа беше машки свет, 70-те, 80-те, па и 90-те години. Мажот е беше тој кој одлучува и е потрошувач, затоа што тој повеќе заработува. Но, сега тој стереотип е поместен, затоа што самата жена почна да заработува. Сега самите производители веќе почнаа да се приспособуваат кон женскиот вкус, бидејќи сепак станува збор за разлики.

Ние живееме во свет чии правила ги поставиле мажите. За среќа, сега веќе самата жена е потрошувач, а можеби и нарачател на рекламата, па дури, можеби и таа што ќе ја прави рекламата. Затоа сметам дека полека почнуваат да се случуваат промени. Тоа се длабоки пораки кои долго време сме ги примале, дека жената е пред сè физички објект кој треба физички да ви се допадне, па потоа дали е паметна, интересна, креативна итн. Кај мажите никогаш не го коментираме физичкиот изглед.

Во последните 100 години, жените се таргети во рекламите, бидејќи тие се главни потрошувачи на производите. Дали ова предизвика промени во стратегиските комуникации?

Наташа Дукоска Ако ги погледнете рекламите, ќе видите дека имаме големо поместување. Порано имаше реклама за конзервирана храна каде жената во рекламата вели „нема да те дознае мажот толку е добра храната“. Порака била твојата работа е да му зготвиш, ти си домаќинка. Имало многу такви слогани, тоа поминувало и било очекувано.

Проблемот со тие пораки е дека ние насочуваме, мажот треба така да се однесува, како газда дома, а жената е таа која треба да биде покорна, да готви, да ги извршува домашните работи итн. Тоа е многу опасно, бидејќи ние многу влијаеме преку комуникацијата, ја создаваме таа слика и перцепција кај јавноста. Ако решиме така да ја позиционираме жената преку комуникацијата тоа ќе се продлабочи, а потоа многу тешко се искоренува.

Еден огромен пазар се отвори за жената како потрошувач денес. Сега таа бира која кола ќе ја купи, ако сака на пример розева кола да вози, самиот производител треба да ја насочи филозофијата кон тој сензибилитет.

Документарен магазин Приказна

Колку е важно комуникациски да се влијае врз свеста на младата популација за родовата еднаквост?

Наташа Дукоска Со комуникацијата се влијае многу и тоа не е краткорочно. Ние мораме да ја најдеме средината. Да направиме анализа што потрошувачот сака да слушне и како ќе го прифати тоа. Сметам дека тоа е пред сè и за машката популација, ги правиме како да се тие да се примитивни битија и само реагираат на сексипилот на жената, а да не зборуваме колку ја навредуваме и недостоинствено ја претставува.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ