Дома Вести МНР ги објави имињата на патниците кои ја преживеаја несреќата

МНР ги објави имињата на патниците кои ја преживеаја несреќата

Министерството за надворешни работи доби официјална потврда од надлежните институции на Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, близу Софија. Патниците се во стабилна здравствена состојба. Денешната автобуска несреќа во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија, јави Франс прес.

МНР го споделува списокот на повредените патници, кои, како што наведуваат оттаму, се наоѓаат во добра здравствена состојба и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов“:

  1. Ебип Пајазитовски (24.09.1972), државјанин на Северна Македонија
  2. Ѓула Јашаровска (16.06.1972), државјанин на Северна Македонија
  3. Зулејха Јашаровска (12.05.2005), државјанин на Северна Македонија
  4. Минир Јашаровски (06.01.1971), државјанин на Северна Македонија
  5. Медина Љутвиј (21.05.1996), државјанин на Северна Македонија
  6. Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија
  7. Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија. 

Тешката несреќа се случи на магистрала Струма, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Во екскурзијата организирана од една туристичка агенција од Скопје биле вкупно четири автобуси.

Во автобусот со македонска регистрација, според првичните информации, патувале 52 патници и возачот, изјави за БТВ директорот на Националната полиција на Бугарија Станимир Станев.

Exit mobile version