2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Мит е дека мажите не можат да добијат рак на дојка

Мит Ако не постои рак на дојка во вашето семејство, тогаш вие не сте изложени на ризик за болеста

Факт Секоја жена носи ризик за рак на дојка. Но, не само жените, туку и дел од мажите!

За жените, наследна абнормалност е најсилниот фактор на ризик, но само околу 10 проценти од сите случаи на рак на дојка се должат на наследените абнормалности. Околу 85 отсто од жените кај кои ќе се развие болеста немаат фамилијарна историја. Токму и затоа е постојано се апелира сите жени да прават редовни скрининзи.

Мит: Мажите не можат да добијат рак на дојка

факт И мажите имаат ткиво на дојка и тие можат да развијат карцином на дојка. Но, карциномот на дојка е поредок кај мажите бидејќи клетките на каналчињата на дојките се помалку развиени отколку кај жените и бидејќи нормално имаат пониски нивоа на женски хормони кои влијаат на растот на клетките на дојката

Ракот на дојка кај мажите обично се открива како цврста грутка под брадавицата или ареолата (пределот околу брадавицата). Мажите носат повисок морталитет од жените, првенствено поради тоа што свеста кај мажите е помала и тие со помала веројатност ќе претпостават дека грутката е всушност рак на дојка, што може да доведе до одложување на барањето на третман.

И мажите треба да се проверат периодично со правење на самопреглед на градите, додека се тушираат и да ги известат нивните лекари за евентуални промени.

За Приказна,

Вики Чадиковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ