3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Мирјана Јовановска Стојановска: Деменцијата го менува животот на лицата со оваа дијагноза, но и на нивните семејствата

По првото неприфаќање, доаѓа до една бура на емоции од тага, затоа што фактички ние ја губиме личноста која сме ја знаеле, сега е нешто друго пред нас и најверојатно големо чувството на одговорност дека ние сега треба да направиме нешто на лицето да се снајде. Честопати страв да не излезе од дома, да не направи беља во кујната, куќата, ги заборава работите, се заборава себе си, нè заборава нас, имињата и за жал и покрај тоа што во нашиот систем, здравството пробуваат да направат нешто, но најголемиот товар за решавање на ситуацијата и помош на болниот со деменција, е оставен на семејството, односно на неговите блиски, вели за Приказна психологот Мирјана Јовановска Стојановска

Со каков психолошки товар се соочуваат лицата од семејства кои живеат со лице кое има деменција?

Мирјана Јовановска Стојановска Во првиот момент е неприфаќање на состојбата. Треба долго време додека тоа не се дијагностицира како што треба. Што се случува со лицето кое живее со нас, кој ни е близок роднина, кого го сакаме, кој до сега можеби се грижел за нас и ги носел сите одговорности и товар и наеднаш нешто се случува со него. Ни треба време да ја откриеме дијагнозата и да се прифати реалноста дека има таква дијагноза, појава на деменција.

По првото неприфаќање, доаѓа до една бура на емоции од тага, затоа што фактички ние ја губиме личноста која сме ја знаеле, сега е нешто друго пред нас и најверојатно големо чувството на одговорност дека ние сега треба да направиме нешто на лицето да се снајде. Честопати страв да не излезе од дома, да не направи беља во кујната, куќата, ги заборава работите, се заборава себе си, нè заборава нас, имињата и за жал и покрај тоа што во нашиот систем, здравството пробуваат да направат нешто, но најголемиот товар за решавање на ситуацијата и помош на болниот со деменција, е оставен на семејството, односно на неговите блиски.

Документарен магазин Приказна

Како да се прифати однесувањето кое деменцијата го предизвикува?

Мирјана Јовановска Стојановска Нема некој рецепт. Секое семејство е различно. Во зависност од бројот на лица, дали одат на работа или не, во што живеат, дали се заедно или одделно, дали ќе го сместат некаде. Секое семејство е приказна за себе. Треба во реалноста да се соочат со ресурсите што се околу нив, и оние членови кои можат да учествуваат да се вклучат еднакво активно според своите способности. Мислам дека тоа ќе биде најголемата помош за добро да се организираат како ќе се грижат за лице кое има деменција. Навремена лекарска контрола, примање на лековите, грижата за физичкото здравје, за хигиената, исхраната, движењето, најлесно ќе биде ако е распределена на членовите на семејството.

Каква треба да биде комуникацијата на членовите на семејството со лица кои имаат деменција?

Мирјана Јовановска Стојановска Зависи од степенот на деменција, до каде е развојот. Комуникацијата да биде со многу љубов и разбирање, многу трпение. Некогаш кога лицето ќе згреши или ќе направи некоја штета, или излезе од дома и не знае да се врати, да не се лутиме. Агресијата е нешто тотално излишно, карањето, викањето. Тоа не е нешто што тоа лице свесно го прави. Тоа му се случува поради дијагнозата која ја има. Нашето агресивно однесување може да го направи да се чувствува уште полошо, да се чувствува виновно, засрамено, да не се чувствува адекватно со себе. Нашата идеја е да му овозможиме колку што е можно поквалитетно време кое му останало во животот. Да бидеме тука за него, да остане дел од семејството и да биде вклучен во сите семејни настани и да во моментите да свесност да осети дека сите ние се грижиме за него и го сакаме.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ