5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Маја Казакова: Живот во менопауза

Маја Казакова е радиоводителка која освојува со нејзиниот уникатен хумор. Ако не ја слушате на радио, тогаш сигурно ќе ја видите на велосипед. Казакова со нас ја сподели својата лична приказна за менопауза. Симптомите се појавиле пред две години, споделува Маја

Првичните симптоми ги почувствував пред 2 години, поточно на мои 46 години. Почна најпрво со една голема нервоза, потоа циклусите почнаа да се разретчуваат, па стануваше сè пострашно, раскажува Маја. Почнав да читам за тоа и во разговор со доктор, сфатив дека тоа се симптомите кои се неизбежни. Неизбежно е да ве фати во овој период од животот, но, не сите ги имаат овие симптоми. Во разговор со доктор, видов дека ги имам сите симптоми како во книга. Моите пријателки ми рекоа дека било многу рано, а всушност знам дека нема некое посебно правило и сето ова е индивидуално, споделува Казакова.

Нервоза, има жешки бранови тоа го знаат сите жени, почнувам да се дебелеам, да отекувам, телесната тежина се покачи, сè што треба да направам физички е потешко, имав болки во петите, се будев испотена. Жешките бранови доаѓаат од нигде никаде, без разлика дали е зима или лето, се опсипуваш буквално со капки, открива Маја.

Документарен магазин Приказна

Во разговор со другарките, била упатена за она што следи. Но, не сакала да се вознемирува премногу, знаејќи дека ова е период со кој ќе се соочи секоја жена.

Кога почна овој период во мојот живот, тогаш почнав да читам. Претходно не читав и не го сфаќав дека е толку сериозно. Имам другарка постара од мене многу години и кога бев помлада ми велеше дека овој период е многу лош, да бидам подготвена на се. Мене не ми беше јасно што зборува. Сепак почна сериозно да ме вознемирува, но неизбежно е, вели Маја.

И покрај тоа што се информирала читајќи многу или преку искуства на другарките, одлучила сепак стручноста на лекарите да ја почитува најмногу.

Со гинеколозите мои ги правевме сите потребни анализи за да докажеме дека сум во менопауза. Како и секој доктор, ме советуваа што треба да правам. Има некои полемики дали хормоналните апчиња се добри, дали не. Одлучив да земам и откако ми стана пофино, после 2 месеци решив сама да си ги прекинам, открива Маја и додава: Веднаш ми се вратија симптомите назад. Ми кажаа дека ако го скокнам овој дел без апчиња, ќе ме фати кој било дел од животот. Мој избор беше кога да ги пијам. Јас не верувам многу во природни супстанции, едноставно ме мрзи да ги правам тие ритуали. Полесно ми е со апчиња. Ме смирија. Другата терапија е индивидуална, но јас таа не ја применувам. Жените треба да вежбаат, да внимаваат што јадат. Потребно е да бидат дисциплинирани и да ги почитуваат сите совети кои им се кажани, споделува Казакова.

Бидете одговорни и слушајте ги советите на вашиот гинеколог, порачува Маја. На жените кои се во овој период на менопауза им порачувам да бидат одговорни, да внимаваат на терапијата, начинот на живот и исхрана затоа што тоа ќе им го подобри животот. Во размена на искуства, гледам дека тие што прават тоа што треба да го прават, се’ им е многу полесно.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ