23.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024
spot_img

Лилјана Илиевска: Тепаните деца немаат самоконтрола и почит

Ќотекот како воспитна мерка не само што не е добра, туку е и опасна. Освен што задава телесна болка, негативно влијае на развојот на личноста на детето. Детето на најрана возраст не е свесно и не може да поврзе физичка казна со својата постапка. Голема е веројатноста физички казнувано дете во иднина да прави погрешен избор на делување во околината, вели за Приказна, Лилјана Илиевска – воспитувачка во градинката Орце Николов во Скопје.

Колку е важно од најрана возраст да ги советуваме дечињата дека со тепање не треба да комуницираат меѓу себе?

Лилјана Илиевска – Децата од најрана возраст е исклучително важно да сфатат дека тепањето не е начин на меѓусебна комуникација. Тоа е период кога тие ја создаваат својата претстава за светот. Период кога се создава основата на нивната личност. Затоа многу е битно ние возрасните да обезбедиме позитивна средина со позитивни воспитни влијанија и со позитивни модели на однесување. На таков начин просторот и можноста за тепање како начин на комуникација ќе се минимизира и тоа во насока на искоренување.

Зошто ќотекот не е добра воспитна мерка?

Лилјана Илиевска – Ќотекот како воспитна мерка не само што не е добра, туку е и опасна. Освен што задава телесна болка, негативно влијае на развојот на личноста на детето. Детето на најрана возраст не е свесно и не може да поврзе физичка казна со својата постапка. Голема е веројатноста физички казнувано дете во иднина да прави погрешен избор на делување во околината.

Во што ќе прерасне детето кое постојано е физички казнувано?

Лилјана Илиевска – Во таков случај детето се претвора во агресивна личност која самата практикува ќотек и насилство врз луѓето од својата околина.

Возрасните кои биле тепани во детството велат дека ништо не им фали и дека поради тоа се добри личности. Дали се согласувате или сметате дека тоа е погрешно?

Лилјана Илиевска – Воопшто не се согласувам. Тоа е сосема погрешен метод на воспитување на едно дете. Возрасни личности кои применуваат ќотек на дете всушност не знаат како да му објаснат на детето дека постапката за која физички го казнуваат е погрешна.

Со тепањето на детето му се испраќа порака дека тој што те сака смее и може да те повреди, но што ќе се случи понатаму со луѓето кои не го сакаат?

Лилјана Илиевска – Физичката казна воопшто не е порака за љубов и грижа кон личност која ја сакаме. Таа не претставува само нанесување телесна болка, туку предизвикува и создавање на негативни чувства кои може да прераснат во тага и депресија или да се претворат во агресивно деструктивно однесување.

Многу родители ги советуваат децата ако некој ги удри да вратат со иста мера. Дали сметате дека тоа е погрешно и како Вие ги воспитувате децата?

Лилјана Илиевска – Тоа е сосема погрешен начин на советување на удар да возврати со удар. Зошто? Затоа што на таков начин во димензии добива однесување коешто е општествено неприфатливо. Возрасните лица треба да работат на искоренување на истото. Во овој случај потребно е превоспитување на возрасни лица кои препорачуваат таков начин на однесување. Тоа може да се постигне преку кампањи на позитивно однесување, кампањи против насилството во медиумите, па дури и вежбање модели на позитивно однесување.

Документарен магазин Приказна

Кои се последиците од физичкото казнување на дечињата?

Лилјана Илиевска – Освен телесната болка, последици од физичката казна се и емотивни нарушувања кај децата односно губење самоконтрола и почит кон личностите. Релацијата во која се присутни елементи на физичка казна меѓу возрасен и дете не е квалитетна релација.

Наташа Јанкуловска Торевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,630FansLike
3,305FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ