23.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024
spot_img

Кристина Атанасова: Озборувањето е врсничко насилство

Озборувањето е врсничко насилство. Ако навлеземе во дефинирањето на врсничкото насилство ќе видиме дека во неговата основна лежи една повторливо агресивно однесување, физичко и вербално агресивно однесување. Во оваа ситуација, озборувањето е едно вербално насилство кое има тенденција да се повторува, од друга страна со експанзијата и развојот на социјалните мрежи може да кажеме дека станува се по присутно и подостапно. Ние како воспитно образовен кадар треба да работиме на превенција на меѓуврсничкото насилство и превенција на озборувањето како причинител на ова насилство. Тоа може да се превенира пред сè со многу зборување, вели за Приказна, Кристина Атанасова, психолог. 

Кристина Атанасова Озборувањето како психолошки механизам се користи често, како одбранбен механизам во стресни ситуации кога не можеме да се заштитиме, кога не чувствуваме доволно сила и моќ да избегнеме некоја ситуација или тогаш кога не можеме да ја промениме трасата или патот по кој сакаме да се движиме. Озборувањето по дефиниција претставува разговор во негативен контекст за некоја личност којашто најчесто не е физички присутна. Како такво, озборувањето е присутно и кај децата и кај возрасните.

Кај децата озборувањето се разликува во однос на формата и содржината, начинот на кој се изведува. Кај нив повеќе е присутно во облик на потсмев, исмевање, забелешки во однос на физичкиот изглед, облеката која се носи, успехот на одредени натпревари. Децата често ги користат термините: не ти е убава косата, не ти се убави патиките, не ти е брендирана облеката. За разлика од децата, кај возрасните има една негативна компонента односно негативен став кон одредена личност, првенствено кон нејзиниот животен стил, начините на однесување, облиците на однесување, навиките, темпераментот, карактерот. Како се зголемува возраста, како детето преминува од еден во друг период доколу не се разговара од страна на родителите и стручни лица, озборувањето ќе биде се поприсутно.

Која е причината, зошто децата озборуваат?

Кристина Атанасова Кај најмалата возраст, децата озборуваат затоа што им е забавно. На тој начин излегуваат од онаа животна монотонија во која се наоѓаат, внесуваат фантазија и имагинација и малку повеќе бои во нивниот свет. Тоа е некоја основна причина.

Ако навлеземе подлабоко, може да кажеме дека социјалниот мотив да се биде дел од одредена групација, да се допаднеме на другиот, за жал на еден негативен начин, затоа што кај децата често е присутен моментот дека ќе му се допаднам на другиот ако сум негативец или ќе го озборуваме „непријателот“ со друго дете, јас ќе ја земам улогата на праведник и ќе бидам херојот. Оние другарства базирани на принципот на озборување и на формирање на групи се со прилично стаклени нозе и лесно кршливи. Во тој момент кога децата ќе го изгубат т.н. непријател и кога децата нема да имаат заеднички интерес, таа изградена врска се губи.

Децата озборуваат затоа што имаат желба да бидат доминантни. Социјалниот мотив за желба за власт и доминација е исто така голем причинител на озборувањето. Кога детето ќе почувствува закана од кој било тип, дека кое било дете му ја презема таа улога тогаш почнува да озборува па дури и кога нема некоја причина за тоа. На ова се надоврзува потребата за внимание. Децата кои озборуваат се често личности кај кои доаѓаат оние коишто сакаат да се во тек со она што се случува во општеството, социјалната средина итн. Присуството на завист исто може да биде причина за озборување. Тоа чувство честопати е измешано со чувството на гнев, болка. Зависта се појавува кога некоја друга личност поседува нешто што ние го немаме, а сакаме да го поседуваме или кога некој постигнува успеси кои ние не можеме да ги постигнеме. Кога зависта е присутна како причина за озборување, доста често се случува децата да се чувствуваат убаво затоа што на тој начин емотивно и стресно се празнат, а од друга страна има момент на поддршка ако се најдат во ситуација кога ќе бидат присутни во друштво на друго дете кое исто така озборува.

Од најмала возраст треба да се работи со децата, да се развива чувството на почит кон другиот, емпатијата, да се внимава дека прераскажувањето на одредена ситуација многу лесно може да премине во озборување. При прераскажување, доколу се дополни истото само со неколку зборчиња целосно може да се измени концептот и да дојде до форма на озборување. Децата многу повеќе гледаат што родителите прават, отколку што зборуваат. Доколку родителот го учи детето нешто да не прави, а тоа тој го прави секако нема да се постигне ефект.

Дали озборувањето е на некој начин врсничко насилство?

Кристина Атанасова Дефинитивно може да кажеме дека озборувањето е врсничко насилство. Ако навлеземе во дефинирањето на врсничкото насилство ќе видиме дека во неговата основна лежи една повторливо агресивно однесување, физичко и вербално агресивно однесување. Во оваа ситуација, озборувањето е едно вербално насилство кое има тенденција да се повторува, од друга страна со експанзијата и развојот на социјалните мрежи може да кажеме дека станува се по присутно и подостапно. Ние како воспитно образовен кадар треба да работиме на превенција на меѓуврсничкото насилство и превенција на озборувањето како причинител на ова насилство. Тоа може да се превенира пред сè со многу зборување.

Ако зборуваме многу на секоја една тема за која имаме потенцијален ризик да се појави, ние за повеќе од 50% ја превенираме можноста за појава на истата. Треба да им се укаже на адолесцентите дека енергијата која ја трошат при озборување на другиот, треба да ја пренасочат кон себе, да видиме кои се тоа нашите недостатоци. Не постои идеален човек. Сите имаме предности и недостатоци. Најчесто причината за озборување е да ние нешто немаме, а другиот го има. Од таа причина треба да се направи една табела што е тоа што го имам и е квалитетно, а што е тоа што кај мене е недостаток, го немам и сакам да го поседувам. Доколку бидеме свесни за сите наши недостатоци можеме да влијаеме на тоа озборувањето како појава се намали кај нашите ученици. Потребно е да се избегнува разговор со друго лице за трето лице, па дури и тогаш кога лицето е присутно. Со самото тоа што го правиме, ние се трудиме да ги избегнеме сите работи кои ги поседуваме, а можеби на несвесен начин бегаме од нив. Еден од клучните механизми е директен разговор, очи во очи независно за која возраст станува збор. Директното соочување можеби е главен механизам, кој може да се применува за да се избегне озборувањето како метод.

Ване Маркоски

 

 

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,630FansLike
3,305FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ