2.8 C
Skopje
Wednesday, December 18, 2024
spot_img

Комисијата со предлог до Владата: да се укинат маските во затворено

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски денес на прес-конференција посочи дека на денешниот состанок на Комисијата е разгледана епидемиолошката состојба во земјава и заклучиле дека моменталните услови им овозможуваат да ги намалат рестриктивните мерки.

Укинување на мерката задолжително носење маски во затворено, со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз е една од препораките кои Комисијата за заразни болести (КЗБ) ќе ги предложи до Владата.

Со препораката, во овие четири затворени простори ќе остане задолжителното носење маски, а во сите останати, маските може да се носат само по желба на граѓаните. Од Комисијата посочија дека епидемиолошката состојба овозможува да се размислува за намалување на рестриктивните мерки.

Комисијата до Владата ќе препорача да се укине и епидемиолошкото следење на контактите на позитивни лица на коронавирус и последователната препорака за изолација на контактите.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,754FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ