Со неа растевме сите. Рубиковата коцка е направена 1974 година во Унгарија. Таа е дело на професорот Ерно Рубик, инаку унгарски архитект. Пред да го направи овој изум, тој постојано ги изненадувал своите ученици со интересни задачи.
Раѓањето на идејата за оваа коцка, се случило кога Рубик посакал предизвик: направил предмет чии делови може да се поместуваат независно, без да се нарушува целината. На овој предизвик работел еден месец. Направил 1000 коцки, од кои само половина биле продадени. Планот му бил својот пронајдок да го пласира во странство, но во тоа време Унгарија била под режим, била прилично затворена, па сфаќајќи дека од тоа нема ништо да се добие, продолжил да работи како професор.
За брзо време во Унгарија доаѓа стопанственикот Лаци од Австрија. Во кафуле, случајно ја видел коцката во рацете на келнер во кафуле. Ептен го заинтересирала, па решил да ја купи за еден долар од келнерот. Брзо научил кој е нејзин изумител, па го побарал. Двајцата заедно одлучуваат да ја пласираат на пазарот.
Ерно Рубик ја продава својата коцка под лиценца во 1980 година на компанијата Ideal Toy, која ја применува во Рубикова коцка и ја дистрибуира низ целиот свет. За кратко време, Рубиковата коцка станува многу популарна, па до 2009 година се продадени над 350 милиони парчиња!
Во прилог, еве неколку интересни начини како брзо и лесно да совладата составување на Рубиковата коцка.