Дома Uncategorized Како сами да направите балони кои лебдат

Како сами да направите балони кои лебдат

Балоните кои лебдат за децата претставуваат одлична забава, но ваквите балони направени со хелиум можат многу да чинат. Па, зошто да ги купувате, кога можете сами да ги направите.

Факт е дека балоните кои ќе ги направите нема да лебдат исто како со хелиум, но може да бидат соодветна замена и поевтина варијанта.

Покрај балони, ова е списокот на работи кои ќе ви бидат потребни, а сигурно се наоѓаат во вашиот дом:

  • Празно пластично шише од 1 л или 1,5 л
  • Инка
  • Оцет
  • Сода бикарбона

Постапката е следна:

Наполнете 1/3 од шишето со оцет, потоа со помош на инката во балонот ставете 2-3 мали лажички сода бикарбона, па потоа внимателно, без да се истури содата, навлечете го балонот на грлото на шишето. Реакцијата на содата во комбинација со оцет наскоро ќе почне да делува. Балонот ќе се наполни со јаглерод диоксид, кој ќе ослободи сода бикарбона во комбинација со оцет.

Откако балонот ќе се наполни, само врзете го и залепете го на таванот користејќи статички електрицитет. Тоа ќе го постигнете така што прво ќе го триете балонот од материјал што испушта струја или едноставно со триење на косата.

Ефектот ќе биде неверојатен, а балоните ќе траат најмалку пет часа без да паднат. Со овој едноставен трик на вашите малечки ќе им овозможите совршена забава.

Exit mobile version