3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Италија отвара национален центар за борба против дезинформации

Во Италија на Универзитетот Луис Гвидо Карли во Рим е отворена италијанска опсерваторија за дигитални медиуми. Оваа опсерваторија ќе биде национален центар за следење и борба против дезинформациите.

Опсерваторијата е дел од европската мрежа од осум национални опсерватории. Италијанската опсерваторија на едно место ќе ги собере проверувачите на факти, медиумските работници и научниците, кои заедно ќе делуваат против онлајн дезинформациите, пренесува Еуроактив.

Во мај, Европската комисија објави избор на осум национални опсерватории, кои ќе бидат дел од мрежата на Европскиот центар за мониторинг на дигитални медиуми. Мрежата е европска опсерваторија за дигитални медиуми финансирана од ЕУ, која треба да поттикне научно истражување во областа на онлајн дезинформации, развој на групи за проверка на факти и програми за медиумска писменост.

Сите национални опсерватории се речиси целосно во функција. Овие опсерватории ќе играат клучна улога во следењето на имплементацијата на Европскиот кодекс на однесување во борбата против дезинформациите. Кодексот на ЕУ доброволно е потпишан од сите водечки онлајн платформи и посветен на мерките што ги содржи. Комисијата, исто така, претстави нова верзија на кодот во мај, која содржи построги правила за алгоритамска одговорност и рамковен систем за следење на постигнатите резултати од платформите. Секоја опсерваторија ќе биде одговорна за една или повеќе членки на ЕУ, опфаќајќи ги Белгија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Полска, Словачка, Шпанија и Шведска. Норвешка, која не е членка на ЕУ, но е членка на Европската економска област (ЕЕА), исто така, ќе биде следена од Нордиската опсерваторија. Крајната цел е да се постигне покривање на сите членки на ЕУ и ЕЕА.

„Бранот дезинформации што го видовме последните години се заканува да го намали правото на пристап до доверливи информации и да ја поткопа демократијата и изборната пракса“, изјавил италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо на отворањето на центарот. Според него, важно е борбата против дезинформациите и лажните вести да не ја загрози плуралистичката и демократска дебата.

Националниот центар ќе има задача, со помош на вештачка интелигенција да ги следи и пријавува кампањите за дезинформации и да им пружа поддршка на медиумските здруженија и државните органи во разоткривањето на дезинформациите.

Секоја национална опсерваторија, исто така, ќе биде одговорна за организирање активности во областа на медиумската писменост на национално и наднационално ниво.

Извор, Еуроактив

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ