Дома Вести Ирина Тошева со инспиративен моден јазик одбележа 10-годишнина во Вила Водно

Ирина Тошева со инспиративен моден јазик одбележа 10-годишнина во Вила Водно

Луѓето со визија, секогаш ги прават работите на уникатен начин. Ова дефинитивно можеме да го кажеме за модната креаторка Ирина Тошева која одбележа моден јубилеј, десет години од постоењето на нејзиниот моден бренд. Одбележувањето беше волшебно патување во нејзината најнова модна колекција, а документарниот филм беше совршениот зачин кој ги засили впечатоците на овој впечатлив настан.

Ирина Тошева

Заедно цутиме, е пораката која се пренесе токму онака како што и ја замислила инспиративната Ирина. Таа останувајќи верна на својот моден етос, сигурно го движи своето модно кормило во насоката која ја одбра. Како што и самата најави во својата покана, Ирина поминува половина година во неуморно истражување, негување и афирмирање на културниот идентитет на „последните номади“ во Македонија. Инспирирана од овој социјално-културолошки феномен, користејќи го својот моден јазик, дизајнерката мошне умешно преведе одредени елементи од нивната облека во моден контекст, препознатлив за брендот и нејзината работа.

Ирина и Елизабета Ѓоргиевска

Ирина својот бренд го гради од 2012 година. Таа на уникатен начин преку својата облека го става својот печат како траен белег за сите нејзини модни залагања.

Кабинетот на Претседателот, во рамки на своите заложби за поддршка на иновативни програми, го отстапи просторот за одржување на овој настан на 21.06.2022.

Exit mobile version