5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

Инспиративна приказна: Од зимници за роднини и пријатели, до бренд за гастрономско уживање

Мало место, каде живеат вредни луѓе со големо срце. Тоа е Демир Хисар, а во ова мало место нема човек што не ја познава Александра Лозановска која преку својата уникатна домашна зимница ја раскажува приказната за начинот на живеење во селото. Приказната започнала пред неколку години, а ја именува како „Моја Бавча“.

Со мојата приказна започнав пред сè бидејќи бев невработена, вели Александра Лозановска. Финансии се потребни секогаш, па така на почетокот одлучив да приготвувам зимница, а подоцна почнав да приготвувам џем, слатко и мармалад, и тоа од овошје од мојот двор, бидејќи го знаев начинот на нивното одгледување. Почнав да се занимавам пред 6-7 години, поточно кога децата заминаа на факултет. На почетокот приготвував зимница и ја продавав на роднини и пријатели. Подоцна на пријателите од моите пријатели и така кругот се прошири. Денес веќе формираме бренд чие име го носи „Моја бавча“, додава Лозановска

Александра вели дека овој концепт на работа станува доста препознатлив кај луѓето кои ја разбираат суштината на градинарството, а оваа приказна е доказ дека од една обична бавча, може да се направи фабрика за здрава храна. Гости има од секаде, од дома и странство.

Една посета кај мене трае 3 часа и гостите ги носиме во бавчата, во зависност од временските услови, вели Лозановска. Доколку тоа не го дозволуваат временските услови, ја посетуваме мини бавчата што се наоѓа во мојот двор. Таму разговараме за растенијата, за нивното одгледување, береме од зеленчукот и се враќаме во мојот дом, каде што од собраните плодови подготвуваме разни макала. Гостите прво се послужуваат со домашно традиционално слатко од тиква. Тука е виното, ракијата, разни сокови, сирупи и традиционалната храна, како што се питулици, мазник, зелник, пресно лепче во фурна, зимницата како што се ајвар, малиџано, лутеница, домат во шише, шери домат во маслиново и многу други, додава Лозановска

Она што ги прави најмногу среќни и задоволни посетителите е тоа дека си заминуваат дома среќни и исполнети.

Документарен магазин Приказна на тема хортикултура и градинарство

Александра Лозановска смета дека градинарството и хортикултурата, позитивно влијаат на нашето ментално и физичко здравје. Тука нема стрес. Работиш колку сакаш и колку можеш. Одмараш кога сакаш. Никој не ти крои планови, сам си свој газда и плус јадеш здрава храна. Зеленилото пак е рај за очите и душата, додава Лозановска.

За Приказна, Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ