Наградата Европска жена на годината 2022 ја понесе Илина Арсова со најмногу гласови на Фејсбук гласањето. Во својата видео порака изјави дека нема сон што е недостижен, ниту цел која е невозможна.
Пет жени беа номинирани за награда Европска жена на годината. Нивните приказни инспирираат, а тие рушат стереотипи.
Маја Мојсова Мијовска, Илина Арсова, Дина Дума, Дита Старова Ќерими и Наталија Бургиева беа номинирани за „Европски жени на годината“. Нивните приказни синоќа во Даут Пашиниот амам беа претставени од страна на амбасадорките Нивес Тигањ (Хрватска), Анке Холстајн (Германија), Кристин Форсгрен Бенгтсони (Шведска), Моника Аксинте (Романија) и амбасадорот Дејвид Гир (Амбасадорот на Европска Унија).